Реклама

Арсов: Националниот центар за податоци ќе ги поврзе институциите и ќе ги забрза услугите

Пресврт во случајот „Мазут“ предметот повторно се отвора

Исланд со црвено светло за Брисел: Македонија не смее да се откаже од ЕУ по исландското „НЕ“

Откорнати кровови, паднати дрва, блокиран сообрајќај-силно невреме го погоди истокот

„Колегиум“ на Алфа ТВ стартува утре – дебата без ракавици

Младите да останат дома – општините со мерки против иселувањето и белата чума

Сè помалку ученици, сè поголема демографска грижа – клучот е во образованието

Федерација на фармери: Се мачиме, ќарот оди кај трговците, а граѓаните плаќаат прескапо

Драматична ноќ на Пелистер, се брани Националниот парк од огнената стихија – повреден работник кој скокнал од булдожер

Исланд ѝ сврте грб на ЕУ, сериозен удар за политиката на проширување

Останува високата опасност од пожари, тешка битка со пламените јазици на планината Жеден

Балканот влегува во ерата на дата центрите – соседите инвестираат милиони

Македонија

Знам со обвинување до Вреди дека не дале доволна поддршка за ВМРО-ДПМНЕ и Орце Ѓорѓиевски: Ептен голема грешка

Портпаролот на партијата ЗНАМ и директор на ПИОМ, Никола Мемов, со остар…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Портпаролот на партијата ЗНАМ и директор на ПИОМ, Никола Мемов, со остар став на Фејсбук упати критика кон коалицијата Вреди, обвинувајќи дека тие ја изиграле ВМРО-ДПМНЕ во Скопје и не го поддржале кандидатот Орце Ѓорѓиевски.

„Вреди го изигра ВМРО-ДПМНЕ во Скопје и не гласаа за Орце. Ептен голема грешка… ВМРО го знае тоа и премиерот јавно им кажа – ние чесно ве поддржавме, плативме огромна цена за таа поддршка и за возврат не побаравме ништо. Само почит. Таа почит не ја добивме. И тоа не го забораваме!“ – напиша Мемов.

Објавата на Мемов доаѓа по завршувањето на локалните избори, во време кога се анализираат односите меѓу коалициските партнери и поддршките што се дадоа во клучните градови, особено во Скопје.

Реклама

Мемов денеска се дообјасни на Фејсбук. Во новата објава вели дека она што го напишал претходно е негов личен став, а не став на движењето ЗНАМ.

„Гледам дека оваа моја лична објава предизвика внимание, но и негативни реакции. Победата на овие локални избори што ја остварија ВМРО-ДПМНЕ, ЗНАМ и Вреди е резултат на нашата взаемна поддршка во сите општини во Македонија, што е потврда на имплементацијата на конзистентните политики на Владата во изминатиот период. По локалните избори владините партнери треба да продолжат во ист правец, затоа што зацртаните политички цели за овие избори се остварени“ – пишува Мемов во новата објава на Фејсбук.