Реклама

УЈП ги повика граѓаните кои имале заработка од странство во 2021 година да платат данок

Најнеизвесни избори во Србија, студентите против Вучиќ

Еколошки грабеж без крај: Јабланица опустошена од дрвокрадци и намерни пожари

Почна реконструкцијата на кровот на штипската Клиничка болница

Немири во Европа, Македонија засега безбедна: На одредени странски сили би им одговарало тука да има нестабилност

Свечена академија „Свои на своето“- Мицкоски: Ова е нашето време и наша одговорност, да изградиме Македонија во која вреди да се живее

Имунизација против грип: Вакцината е клучна за ранливите, но не е за секого

Акциски план за малцинствата пред Бугарите во Уставот – стратегија за заштита на националните интереси

Музејот во Ново Село – мост до минатото каде што историјата оживува

Македонската ослободителна мисла – идеали што создадоа држава

Над 120 амандмани – расправа за вториот ребаланс на буџетот

Мицкоски од Црна Гора: Нема да отстапиме од борбата за националните интереси, ниту од борбата да бидеме дел од ЕУ

Македонија

Горан Герасимовски прогласи победа во Центар

Горан Герасимовски, кандидатот на СДСМ за градоначалник на Општина Центар, вечерва прогласи…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Горан Герасимовски, кандидатот на СДСМ за градоначалник на Општина Центар, вечерва прогласи победа. „Денес победи прогресивното, модерното, чесното, слободното и правичното, на слободни, фер и демократски избори, изјави Герасимовски заблагодарувајќи им се на сите граѓани кои му ја дадоа довербата.

Во своето обраќање, тој нагласи дека вториот мандат за него претставува уште поголема одговорност и обврска.

-Да се биде градоначалник е огромна чест и признание. Да те изберат двапати за мене значи најголемо признание и чест, уште повеќе, затоа што тоа за мене е највисока одговорност и обврска која целосно ја прифаќам и која целосно ќе ја исполнам заедно со нашиот тим, рече тој.

Реклама

Герасимовски потенцираше дека успехот на изборите е резултат на четиригодишна посветена работа, реални ветувања и отворена комуникација со граѓаните. Тој најави дека ќе продолжи со реализација на проектите кои се од интерес на граѓаните и дека Општина Центар ќе биде пример за чесно и одговорно управување.

-Ние ќе продолжиме како и досега со силен мотив и работа да ги спроведеме ветените проекти, затоа што тие им помагаат на граѓаните. Центар го подигнуваме на ново, повисоко ниво. Сите Ве уверувам, сѐ што кажавме се ќе исполниме. Ќе бидеме вистинскиот пример и за Центар и за целата држава. За резултати, за чесност, за вредност, ќе бидеме оригинален пример, но и алтернатива на сите погрешни политики, нагласи тој.

Согласно податоците од Државната изборна комисија, од 94,23 проценти обработени гласачки ливчиња, Горан Герасимовски има освоено 52,66 % од гласовите, а противкандидатот на Движење ЗНАМ – За Наша Македонија, Мирослав Лабудовиќ 38,32 %.