Реклама
Македонија

Павловски: Нова детска градинка во Ранковце, бесплатна за сите деца зашто најмалите се иднината на општината 

Како кандидат за градоначалник ја превземам одговорноста да ја водам нашата општина…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Како кандидат за градоначалник ја превземам одговорноста да ја водам нашата општина кон иднина полна со можности, развој и благосостојба за сите граѓани. Еден од моите први проекти, што ја симболизира мојата грижа за иднината е изградбата на нова детска градинка што ќе биде целосно бесплатна за сите деца, затоа што најмалите се иднината на нашата општина. Ова е само почеток на серија проекти кои ќе го подобрат секој аспект од животот во нашата заедница, најави Даниел Павловски, кандидат за градоначалник на Општина Ранковце од редовите на ВМРО-ДПМНЕ.

Најави и изградба на атрактивен видиковец и уредена патека кон крстот „Камлеш”, што ќе стане ново туристичко место и гордост на општината, со, како што вели, можности за културни и едукативни активности за сите генерации.

– За младите брачни парови ќе овозможиме продажба на градежни парцели за семејни куќи, за да можат да создадат свој дом и да останат да живеат и работат тука, во заедницата што ја сакаат. Исто така, планираме да уредиме зелените површини и да го реконструираме кејот во Ранковце, за секој граѓанин да има место за прошетка, одмор и рекреација.Ќе изградиме детски игралишта скоро во сите села, затоа што секое дете заслужува безбедно и креативно место за игра. За подобра инфраструктура, ќе асфалтираме патишта на целата територија на општината и ќе воспоставиме канализациона мрежа таму каде што недостасува, со цел да обезбедиме здравје и квалитет на живот за сите, додаде Павловски.

Реклама

Според него, економскиот развој ќе биде еден од врвните приоритети, како и привлекување домашни и странски инвеститори, создавајќи нови работни места, со ослободување од комуналии за нови бизниси, за да се даде можност на храбрите да започнат и развијат свој бизнис.

– Образованието и културата се нашите темели. Секое прваче ќе добие паричен надомест, а учениците со освоени први места ќе бидат наградени, затоа што трудот и успехот треба да се вреднуваат. Ќе развиваме спортска инфраструктура и ќе поддржуваме турнири, за да изградиме здрави навики и силен дух кај младите. Културата и традицијата ќе бидат поддржани, бидејќи тие се нашето наследство и обележје, што го спојува населението и гради подобра и почитувана заедница.За празничните моменти ќе организираме активности за новогодишните и божикните празници, со пакетчиња за најмалите, Бадникови поворки и културно-забавна програма, за да создадеме радост и заедништво во сите населени места. Со овие проекти и активности, општината ќе стане место каде што секој ќе се чувствува дома, без разлика на возраст или статус.Време е да изградиме општина која живее, расте и напредува. Време е за заедничка иднина, која ќе биде гордост за секој граѓанин, додаде Павловски.