Кажаа што кажаа, ветија што ветија, караваните на партиите го одат последниот круг – на полноќ кампањата завршува. Аналитичарите оценуваат дека предизборниот период мина во демократски дух, со мали исклучоци, особено во дел од албанскиот политички блок, каде што имаше тензии околу меѓупартиските односи и коалициските договори.
Сепак, овие моменти не го загрозија изборниот процес, но покажуваат дека во некои средини конкуренцијата беше поинтензивна. Ваквите тензии беа брзо смирени и ретерирани, што овозможи останатокот од кампањата да се одвива стандардно.
Мирно, стандардно, имаше некаде тензии, во политичкиот албански блок, ијзавата на Касами кој потоа ретерираше. Не очекувам да биде ништо насилно, очекуваме мирен изборен ден да помине во добар ред. Ќе има интересни битки во 10-тина општини каде гласовите на противкандидатите се многу мала разлика, вели Александар Кржаловски, политички аналитичар.

Политичките партии во финишот на кампањата се обидуваат да ги мобилизираат и своите гласачи, но и да ја придобијат најтешката цел – неопределените. Експертите предупредуваат дека ентузијазмот кај оваа група е на ниско ниво и дека меѓу два изборни круга е речиси невозможно да се направи поголем пресврт.
Историјата покажува дека излезноста во вториот круг најчесто е пониска. Дел од гласачите чии кандидати не влегле во вториот круг едноставно се повлекуваат од изборниот процес.
Во јавноста се отвора и прашањето, што треба во иднина да направат партиите за поуспешна кампања и поголема мобилизација на гласачите – за вистинска промена потребно е враќање на довербата кај граѓаните и нов пристап – повеќе критичност, транспарентност и внатрепартиска демократија.
Тешко може да се очекуваат промени особено во брзо време на партиите им одговара овој начин на функционирање дава резултати за нив тоа, така е и во статутите во партиите, се губи меритократијата. Таму треба да се демократизираат прво, да се оди по принципот на меритократија, да има критика кај самите партии и да се изнаоѓаат прави решенија и да се слуша гласот на граѓаните а не наративот да го диктира само лидерот на партијата , и сите да го следат него. Добро е кога има подобри резултати, кога има критика и внатрешна демократија. Што се однесува до излезноста, историјата ни покажува дека тешко дека во втор круг има поголема, напротив, помала е излезнсота, додава Кржаловски.
Последниот збор секако го имаат граѓаните во недела. А веќе од понеделник победниците ќе мора да се фатат со работа и да ја оправдаат довербата, а губтниците да погледнат во своите редови и да извлечат поуки за следните избори да остварат подобар резултат.
