Реклама

Арсов: Националниот центар за податоци ќе ги поврзе институциите и ќе ги забрза услугите

Пресврт во случајот „Мазут“ предметот повторно се отвора

Исланд со црвено светло за Брисел: Македонија не смее да се откаже од ЕУ по исландското „НЕ“

Откорнати кровови, паднати дрва, блокиран сообрајќај-силно невреме го погоди истокот

„Колегиум“ на Алфа ТВ стартува утре – дебата без ракавици

Младите да останат дома – општините со мерки против иселувањето и белата чума

Сè помалку ученици, сè поголема демографска грижа – клучот е во образованието

Федерација на фармери: Се мачиме, ќарот оди кај трговците, а граѓаните плаќаат прескапо

Драматична ноќ на Пелистер, се брани Националниот парк од огнената стихија – повреден работник кој скокнал од булдожер

Исланд ѝ сврте грб на ЕУ, сериозен удар за политиката на проширување

Останува високата опасност од пожари, тешка битка со пламените јазици на планината Жеден

Балканот влегува во ерата на дата центрите – соседите инвестираат милиони

Македонија

Герасимовски: На 13 декември ја отвораме новата сала „Работнички“ – гордоста на Центар

„Условите во градинките и училиштата се значително подобрени. Имаме реконструкции во сите…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

„Условите во градинките и училиштата се значително подобрени. Имаме реконструкции во сите градинки и училишта, нова градинка во Пролет, доградба во „Коле Неделковски“. Инфраструктурата исто така е многу подобрена, реконструирани се 23 улици за еден мандат“. Ова го истакнува кандидатот за втор градоначалнички мандат од редовите на СДСМ Горан Герасимовски.

Тој потенцира дека значително е подобрен животот на пензионерите, со три нови пензионерски домови, низа социјални услуги и финансиска поддршка за оние со ниски примања, бесплатни екскурзии и низа поволности.

„Возрасните се категорија за која многу се погриживме, затоа што имаме исклучително висок процент на возрасни лица во Центар. За младите вложивме многу во културата, буџетот го зголемивме тројно. Имаме низа настани и концерти, но и реална поддршка како платена пракса во Општината, поддршка за невладините организации и слично. Во спортот исто така вложивме многу, на 13 декември ќе ја отвориме новата сала „Работнички“, гордоста на Центар, капитален проект од огромно значење кој е во завршна фаза. Но, секако дека има уште многу што да се заврши, и затоа ја барам поддршката да продолжиме чесно, посветено и во вториот мандат да направиме целосна трансформација на општината“, порачува Герасимовски.