Реклама

УЈП ги повика граѓаните кои имале заработка од странство во 2021 година да платат данок

Најнеизвесни избори во Србија, студентите против Вучиќ

Еколошки грабеж без крај: Јабланица опустошена од дрвокрадци и намерни пожари

Почна реконструкцијата на кровот на штипската Клиничка болница

Немири во Европа, Македонија засега безбедна: На одредени странски сили би им одговарало тука да има нестабилност

Свечена академија „Свои на своето“- Мицкоски: Ова е нашето време и наша одговорност, да изградиме Македонија во која вреди да се живее

Имунизација против грип: Вакцината е клучна за ранливите, но не е за секого

Акциски план за малцинствата пред Бугарите во Уставот – стратегија за заштита на националните интереси

Музејот во Ново Село – мост до минатото каде што историјата оживува

Македонската ослободителна мисла – идеали што создадоа држава

Над 120 амандмани – расправа за вториот ребаланс на буџетот

Мицкоски од Црна Гора: Нема да отстапиме од борбата за националните интереси, ниту од борбата да бидеме дел од ЕУ

Македонија

За младиот информатичар од Кочани, Владимир Грчев – во Ларнака бронза, во Букурешт злато

Во последните десет дена, младиот информатичар, средношколец од Кочани, Владимир Грчев, ја…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Во последните десет дена, младиот информатичар, средношколец од Кочани, Владимир Грчев, ја продолжи  својата успешна приказна и повторно направи одлични резултати.

Од Букурешт, Романија, тој се врати со златен медал од престижниот меѓународен натпревар „Stelele Informaticii 2025” (Ѕвезди на информатиката), каде ги одмери силите со најдобрите млади умови од светот.

Неколку дена подоцна, во Ларнака, Кипар, Грчев, беше дел од  репрезентацијата на Македонија и освои бронзен медал на Јуниорската балканска олимпијада по информатика (JBOI 2025).

Реклама

Со овие два медали, Владимир Грчев ја заокружува 2025 како својата најуспешна година до сега.