Реклама

Арсов: Националниот центар за податоци ќе ги поврзе институциите и ќе ги забрза услугите

Пресврт во случајот „Мазут“ предметот повторно се отвора

Исланд со црвено светло за Брисел: Македонија не смее да се откаже од ЕУ по исландското „НЕ“

Откорнати кровови, паднати дрва, блокиран сообрајќај-силно невреме го погоди истокот

„Колегиум“ на Алфа ТВ стартува утре – дебата без ракавици

Младите да останат дома – општините со мерки против иселувањето и белата чума

Сè помалку ученици, сè поголема демографска грижа – клучот е во образованието

Федерација на фармери: Се мачиме, ќарот оди кај трговците, а граѓаните плаќаат прескапо

Драматична ноќ на Пелистер, се брани Националниот парк од огнената стихија – повреден работник кој скокнал од булдожер

Исланд ѝ сврте грб на ЕУ, сериозен удар за политиката на проширување

Останува високата опасност од пожари, тешка битка со пламените јазици на планината Жеден

Балканот влегува во ерата на дата центрите – соседите инвестираат милиони

Македонија

ВМРО ДПМНЕ: Стевчо Јакимовски сака да го бетонизира Влае

Стевчо Јакимовски продолжува да бетонизира се што може да се претвори во…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Стевчо Јакимовски продолжува да бетонизира се што може да се претвори во негов личен профит. Фирмата Аполо инженеринг позната како блиска до Јакимовски, преку процес на приватизација добила земјиште во населба Влае, велат од ВМРО ДПМНЕ.

Но, не станува збор за обична парцела, една од тие парцели е дел од улицата Есперанто која се наоѓа веднаш пред Кино Влае. Значи дел од јавна улица наменета за сите граѓани станала приватен имот. Нешто што треба да биде општинска инфраструктура е продадено поради личен интерес.

„Аполо инженеринг“ доставила два геодетски елаборати во 2016 година и 2017 година. И двата елаборати се направени по донесувањето на Деталниот урбанистички план. Токму тој ДУП, кој го потпишал самиот Јакимовски предвидува висококатница на местото каде што подоцна фирмата добива имот.

Реклама

Оттука, јасно е дека планот е направен така што да и овозможи на „Аполо инженеринг“ да добие земјиште, вклучувајќи дел од улица.

За оваа приватизација „Аполо инженеринг“ платила само 285 денари за метар квадратен, или околу 3500 евра вкупно, сума која е смешна, затоа што е многу пониска од реалната пазарна вредност на земјиште во Влае.

Неколку месеци по приватизацијата фирмата го продала целото земјиште на Јонче Спирковски, кој е сопственик на истата фирма. Алчноста на Јакимовски не престанува. Замислете, фирмата ја добила парцелата по ниска цена, па потоа си ја препродала сама на својот сопственик за 2.950.000 денари.

Ова е класичен пример за фиктивна зделка, каде јавниот интерес станува приватен. Јакимовски ја претвори општината во приватна компанија, Карпош за него е само лична фирма од која добива профит, граѓаните се заборавени.