Реклама

УЈП ги повика граѓаните кои имале заработка од странство во 2021 година да платат данок

Најнеизвесни избори во Србија, студентите против Вучиќ

Еколошки грабеж без крај: Јабланица опустошена од дрвокрадци и намерни пожари

Почна реконструкцијата на кровот на штипската Клиничка болница

Немири во Европа, Македонија засега безбедна: На одредени странски сили би им одговарало тука да има нестабилност

Свечена академија „Свои на своето“- Мицкоски: Ова е нашето време и наша одговорност, да изградиме Македонија во која вреди да се живее

Имунизација против грип: Вакцината е клучна за ранливите, но не е за секого

Акциски план за малцинствата пред Бугарите во Уставот – стратегија за заштита на националните интереси

Музејот во Ново Село – мост до минатото каде што историјата оживува

Македонската ослободителна мисла – идеали што создадоа држава

Над 120 амандмани – расправа за вториот ребаланс на буџетот

Мицкоски од Црна Гора: Нема да отстапиме од борбата за националните интереси, ниту од борбата да бидеме дел од ЕУ

Македонија

Трипуновски: Килограм свежо македонско овошје неделно ќе добива секое дете во градинките

Согласно годинашната Програма за поттикнување на потрошувачка на свежо овошје, околу 38…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Согласно годинашната Програма за поттикнување на потрошувачка на свежо овошје, околу 38 000 деца од сите градинки во државата ќе добиваат домашно и квалитетно овошје. Издвоени се 40 милиони денари за набавка на околу 880 000 килограми домашно овошје. Во текот на три месеци, секое дете ќе добива еден килограм овошје неделно, односно по два вида овошје неделно, кое ќе се консумира во градинките како дел од дневната ужинка, рече министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Цветан Трипуновски кој денеска ја посети градинката „Срничка” во општина Аеродром.

Според министерот, првпат се предвидени и количини овошје од органско потекло, што претставува дополнителен квалитет во исхраната на најмалите.

-Децата заслужуваат „Македонско најдобро“ од најмала возраст. Секое дете заслужува здрава исхрана, а секој земјоделец заслужува поддршка. Заедно градиме здрава иднина за децата и одржлив развој за македонското земјоделство, истакна Трипуновски.

Реклама

Оваа Програма, дополни, претставува инвестиција во здравјето на најмалите, градење навики за здрава исхрана од најрана возраст и конкретна поддршка за македонските земјоделци.

-Преку директната набавка на домашно овошје, Министерството придонесува за зајакнување на земјоделското производство и обезбедување стабилен пазар за земјоделците, подвлече Трипуновски. 

Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство и во нередниот период ќе продолжи со реализација на Програмата.