Реклама

УЈП ги повика граѓаните кои имале заработка од странство во 2021 година да платат данок

Најнеизвесни избори во Србија, студентите против Вучиќ

Еколошки грабеж без крај: Јабланица опустошена од дрвокрадци и намерни пожари

Почна реконструкцијата на кровот на штипската Клиничка болница

Немири во Европа, Македонија засега безбедна: На одредени странски сили би им одговарало тука да има нестабилност

Свечена академија „Свои на своето“- Мицкоски: Ова е нашето време и наша одговорност, да изградиме Македонија во која вреди да се живее

Имунизација против грип: Вакцината е клучна за ранливите, но не е за секого

Акциски план за малцинствата пред Бугарите во Уставот – стратегија за заштита на националните интереси

Музејот во Ново Село – мост до минатото каде што историјата оживува

Македонската ослободителна мисла – идеали што создадоа држава

Над 120 амандмани – расправа за вториот ребаланс на буџетот

Мицкоски од Црна Гора: Нема да отстапиме од борбата за националните интереси, ниту од борбата да бидеме дел од ЕУ

Македонија

Изградба на дом за стари лица една од темите на средбата на Герасимовски со претставници на Здружението на пензионери на општина Центар

Здружението на пензионери на општина Центар на средбата со кандидатот за нов…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Здружението на пензионери на општина Центар на средбата со кандидатот за нов мандат, Горан Герасимовски, ја потврди својата поддршка за него во вториот круг од локалните избори. Герасимовски, заблагодарувајќи им се на пензионерите, истакна дека нивната поддршка многу му значи, соопштија утрово од тимот на Герасимовски.

– Тоа е генерација која заслужува внимание, почит и помош, а јас како градоначалник, заедно со мојот тим, секогаш сме излегувале во пресрет. Им благодарам што го препознаа сето она што го правиме за нив, преку разни проекти и иницијативи. На средбата разговаравме и за идните планови, како и за можностите за унапредување на квалитетот на нивниот живот, се наведува во пишаната изјава на Герасимовски.

На средбата се разговарало и за новата програма, каде се предвидува изградба на дом за стари лица, како што се појаснува, највозрасните ќе можат да домуваат по субвенционирана цена.

Реклама

– Здружението изрази надеж дека одличната соработка со Општина Центар, а особено со градоначалникот Герасимовски, ќе продолжи и во иднина. Пензионерите изразија задоволство од проектот „Сервис за стари лица“, како и од континуираната соработка со општината и нивната вклученост во креирање на политиките на локалната самоуправа, се додава во соопштението од тимот на Герасимовски.