Реклама

УЈП ги повика граѓаните кои имале заработка од странство во 2021 година да платат данок

Најнеизвесни избори во Србија, студентите против Вучиќ

Еколошки грабеж без крај: Јабланица опустошена од дрвокрадци и намерни пожари

Почна реконструкцијата на кровот на штипската Клиничка болница

Немири во Европа, Македонија засега безбедна: На одредени странски сили би им одговарало тука да има нестабилност

Свечена академија „Свои на своето“- Мицкоски: Ова е нашето време и наша одговорност, да изградиме Македонија во која вреди да се живее

Имунизација против грип: Вакцината е клучна за ранливите, но не е за секого

Акциски план за малцинствата пред Бугарите во Уставот – стратегија за заштита на националните интереси

Музејот во Ново Село – мост до минатото каде што историјата оживува

Македонската ослободителна мисла – идеали што создадоа држава

Над 120 амандмани – расправа за вториот ребаланс на буџетот

Мицкоски од Црна Гора: Нема да отстапиме од борбата за националните интереси, ниту од борбата да бидеме дел од ЕУ

Македонија

Меџити: НАИ ќе биде распуштена

Лидерот на Вреди, Изет Меџити, кој во првиот круг од локалните избори…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Лидерот на Вреди, Изет Меџити, кој во првиот круг од локалните избори го победи неговиот противкандидат Бујар Османи во трката за градоначалник на Чаир изјави дека Национална Алијанса за Интеграција (НАИ) ќе биде распуштена и дека ќе има структурни промени.

Меџити истакна дека во НАИ се надевале оти ќе имаат голем дел од гласачкото тело по заминувањето на Арбен Таравари од Вреди, но ја изгубиле надежта по резултатите од локалните избори.

– Да, почна, бидејќи не го очекував овој резултат во НАИ, особено со заминувањето на Таравари пред шест месеци, мислеа дека имаат 90 отсто од гласачкото тело. Исто така, овде на 21-ви елаборирав дека лидерите можат да си заминат, но членството ќе остане во ВЛЕН и тоа се докажа и овде. Тие не го очекуваа овој резултат и тоа не е чувство на загуба за нив. Сега е чувство на загуба на надеж. Значи и тие ја изгубија надежта за враќање или за нешто друго. Затоа, добар дел од гласачкото тело почна да се движи. Вистинската структура, да се приклучат кон ВЛЕН. Постојат комуникации. Мислам, очекувам НАИ да се распушти и да има нови движења, рече Меџити.

Реклама

Во однос на можноста Зијади Села да влезе во Владата, Меџити изјави дека не го го негира тоа, бидејќи политичката сцена кај албанските партии сега е „измешана“.

-Не го негирам тоа. Може да биде, рече Меџити, а на прашањето дали имало некаков разговор одговори: „Комуницираме. Политичката сцена стана толку измешана, се случија многу турбуленции сè додека не се формираа два табора. И мислам дека сè уште ќе има турбуленции“.