Реклама

Свечена академија „Свои на своето“- Мицкоски: Ова е нашето време и наша одговорност, да изградиме Македонија во која вреди да се живее

Имунизација против грип: Вакцината е клучна за ранливите, но не е за секого

Акциски план за малцинствата пред Бугарите во Уставот – стратегија за заштита на националните интереси

Музејот во Ново Село – мост до минатото каде што историјата оживува

Македонската ослободителна мисла – идеали што создадоа држава

Над 120 амандмани – расправа за вториот ребаланс на буџетот

Мицкоски од Црна Гора: Нема да отстапиме од борбата за националните интереси, ниту од борбата да бидеме дел од ЕУ

Јосифовска не се појави во судница за тужбата против Лејла Кадриу

Милионски тендери за мрак во Кичево

Свечена заклетва на 30. класа питомци на Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“

Почна Самитот на Берлинскиот процес во Црна Гора – премиерот Мицкоски очекува силни пораки за интеграцијата на Западен Балкан

Стратешко поврзување со Европа: Коридорите 8 и 10 се врвен приоритет на македонската Влада, за економски напредок и политичка стабилност

Македонија

Штип официјално има градоначалник со втор мандат и нов состав на Советот на Општина Штип

Триесет и седум годишниот Иван Јорданов од денеска официјално го почнува вториот…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Триесет и седум годишниот Иван Јорданов од денеска официјално го почнува вториот градоначалнички мандат. Тој во наредните четири години ќе менаџира со општина Штип, јавните претпријатија, Дом на млади, потоа основните и средни училишта и детските градинки. Јорданов е првиот градоначалник во историјата на Штип, кој од своите граѓани ја доби довербата за втор мандат.

Претседателот на Општинската изборна комисија (ОИК) – Штип, Виктор Вацев денеска свечено ги додели уверенијата на старо-новиот градоначалник, Јорданов и на 23 советници. Во Советот на Општина Штип мнозинството му припаѓа на коалицијата предводена од ВМРО- ДПМНЕ, која има 16 советници, потоа СДСМ со четири советници, Левица има два и еден советник ЗНАМ.

Градоначалникот на Општина Штип, Јорданов во својот говор истакна дека денес е голем и значаен ден за него, бидејќи какошто рече „голема е честа, но и голема е одговорноста да се управува најмодерната и најубавата Општина во нашата држава“.

Реклама

-Ова е ден кој ќе биде запеметен, но и се надевам ден кој ќе мотивира многу чинители, вклучени во работењето на Општина Штип, да дадат свој максимум во развојот на нашиот град. Општина Штип е со огромен потенцијал и овој потенцијал ќе се искористи доколку заедно сите чинители вложиме труд, посветеност, работа за да ги реализираме сите проекти. Но и за да го развиеме нашиот град и да го искористиме тој потенцијал, којшто го има нашата Општина, рече Јорданов.

Тој се обрати и до новиот состав на Советот на Општина Штип, кој им порача да бидат конструктивни критичари, но и да бидат одлучни во носењето на одлуки за развој на Штип. Во Советот на Општина Штип, најмладиот советник има 18 години и доаѓа од Левица, а најстариот советник, кој е  од редовите на ВМРО-ДПМНЕ има 71 година. Јорданов на традиционалниот прв брифинг со новинарите од Штип најави нови капитални проекти во делот на водоснабдувањето, изградба на Пречистителна станица со отпадни води, со средства од ЕУ, решавање на проблемот со  сообраќајниот хаос во центарот, потоа со палењето на градската депонија „Трештена скала“ од страна на собирачите на старо железо, изградба на нови булевари и населби.