Реклама

УЈП ги повика граѓаните кои имале заработка од странство во 2021 година да платат данок

Најнеизвесни избори во Србија, студентите против Вучиќ

Еколошки грабеж без крај: Јабланица опустошена од дрвокрадци и намерни пожари

Почна реконструкцијата на кровот на штипската Клиничка болница

Немири во Европа, Македонија засега безбедна: На одредени странски сили би им одговарало тука да има нестабилност

Свечена академија „Свои на своето“- Мицкоски: Ова е нашето време и наша одговорност, да изградиме Македонија во која вреди да се живее

Имунизација против грип: Вакцината е клучна за ранливите, но не е за секого

Акциски план за малцинствата пред Бугарите во Уставот – стратегија за заштита на националните интереси

Музејот во Ново Село – мост до минатото каде што историјата оживува

Македонската ослободителна мисла – идеали што создадоа држава

Над 120 амандмани – расправа за вториот ребаланс на буџетот

Мицкоски од Црна Гора: Нема да отстапиме од борбата за националните интереси, ниту од борбата да бидеме дел од ЕУ

Македонија

Мисијата на Светска банка на разговори во Фондот на ПИОМ за активностите во рамките на Проектот СИАП

Дигитализацијата на архивата на Фондот на пензиското и инвалидското осигурување на Северна…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Дигитализацијата на архивата на Фондот на пензиското и инвалидското осигурување на Северна Македонија, била дел од темите на кои разговарале директорот на Фондот, Никола Мемов на средбата со претставниците на Мисијата на Светска банка предводена од Зоран  Анушиќ и Мануела Софија Станкулеску, а што е дел од СИАП проектот и пензиската политика.

На средбата, како што наведуваат од Фондот на ПИОМ, било посочено дека во наредниот период ќе се интензивираат активностите за да може дигитализацијата на архивата да се реализира до средината на наредната 2026 година, бидејќи е од особена важност за обезбедување на квалитетна база на податоци за осигурениците и ќе придонесе во поефикасното работење на Фондот. Исто така, на состанокот се разговарало и за статусот на актуарската единица која треба да се воспостави во наредниот период и активностите потребни за заживување на целиот процес.

Шефот на Мисијата, Анушиќ нагласил дека за дигитализацијата на архивата на Фондот во рамките на Проектот се предвидени околу еден милион евра и во тој процес, кој се очекува да заврши следната година, ќе бидат дигитализирани 110 илјади предмети со околу два милиони страници.

Реклама

Директорот Мемов ги информирал претставниците на Светска банка дека во систематизацијата на Фондот веќе е предвидено посебно одделение за Долгорочно планирање.

-Во најкус рок одделението ќе биде екипирано со минимум потребниот кадар и ќе може да се спроведат обуки. Овој процес е од исклучително значење за работата на Фондот, како и за проекциите и предвидувања за развојот на пензискиот систем во иднина, потенцирал Мемов.

Наредната средба со претставниците на Мисијата на Светска банка за имплементација на СИАП проектот и пензиската политика ќе се одржи наесен.