Реклама

Клучни избори во Србија – голема излезност, крајна неизвесност

Растат цените на квадрат во Штип – рекордот е 1.500 евра

„Св. Еразмо“ по една деценија чекање – новиот болнички блок треба да биде готов до крајот на годината

Бугарија избира нов претседател: Избори за тест на власта на Радев и геополитичкиот курс на земјата

УЈП ги повика граѓаните кои имале заработка од странство во 2021 година да платат данок

Најнеизвесни избори во Србија, студентите против Вучиќ

Еколошки грабеж без крај: Јабланица опустошена од дрвокрадци и намерни пожари

Почна реконструкцијата на кровот на штипската Клиничка болница

Немири во Европа, Македонија засега безбедна: На одредени странски сили би им одговарало тука да има нестабилност

Свечена академија „Свои на своето“- Мицкоски: Ова е нашето време и наша одговорност, да изградиме Македонија во која вреди да се живее

Имунизација против грип: Вакцината е клучна за ранливите, но не е за секого

Акциски план за малцинствата пред Бугарите во Уставот – стратегија за заштита на националните интереси

Македонија

ВМРО-ДПМНЕ има модел кој гради, обединува и носи резултати, на 2 ноември да заокружиме број 9 за развојот на општините да продолжи

Во изминатите четири години градоначалниците од редовите на ВМРО-ДПМНЕ покажаа дека може…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Во изминатите четири години градоначалниците од редовите на ВМРО-ДПМНЕ покажаа дека може да се раководи транспарентно, отчетно и во корист на интересите на граѓаните. Градоначалниците работеа со интегритет и визија и во многу општини го надминаа ветеното, односно испорачаа повеќе од она што првично беше зацртано во нивните програми.

Резултатите се видливи, а граѓаните покажаа дека се задоволни уште во првиот круг на локалните избори кои се одржаа на 19 октомври. Владата на ВМРО-ДПМНЕ направи суштинска промена во начинот на кој централната власт во државата соработува со локалната самоуправа.

Преку поддршката која Владата им ја овозможува на општините се реализираат капитални инвестиции, се отвораат нови можности и се решаваат проблеми што со години стоеле само на хартија. Се гради инфраструктура, се обновуваат училишта, се модернизира јавниот транспорт, се решаваат проблеми со водоснабдување и отпад. Тоа се реални промени што го менуваат секојдневието на граѓаните.

Реклама

Тоа е моделот на управување што го има ВМРО-ДПМНЕ, модел кој гради и обединува, а најважно носи резултати. Локалните самоуправи имаат партнер во Владата на ВМРО-ДПМНЕ, со цел да се обезбедат подобри услови за живот за секој граѓанин, секоја општина да има услови да напредува, независно која политичка боја ја има локалната администрација.

Таа поддршка не значи само финансиска помош. Таа значи соработка, отворени врати, континуиран дијалог и процес во кој заедно со градоначалниците се идентификува она што им е навистина потребно на граѓаните и решенија кои се одржливи.

На 2 ноември, имаме можност да го потврдиме овој правец.  Ги повикуваме граѓаните од Аеродром, Брвеница, Валандово, Виница, Дебрца и Демир Капија, Дојран, Долнени, Зрновци, Карпош, Кичево, Конче, Кочани и Крушево, Лозово, Македонска Каменица, Македонски Брод, Могила, Неготино, Пробиштип, Ранковце, Росоман, Чешиново Облешево, Чучер Сандево, Шуто Оризари и Градот Скопје, да излезат, да изберат напредок и да го направат вистинскиот избор со заокружување на бројот 9! За твојот човек, за твоето место, за твојата иднина!