Реклама

Арсов: Националниот центар за податоци ќе ги поврзе институциите и ќе ги забрза услугите

Пресврт во случајот „Мазут“ предметот повторно се отвора

Исланд со црвено светло за Брисел: Македонија не смее да се откаже од ЕУ по исландското „НЕ“

Откорнати кровови, паднати дрва, блокиран сообрајќај-силно невреме го погоди истокот

„Колегиум“ на Алфа ТВ стартува утре – дебата без ракавици

Младите да останат дома – општините со мерки против иселувањето и белата чума

Сè помалку ученици, сè поголема демографска грижа – клучот е во образованието

Федерација на фармери: Се мачиме, ќарот оди кај трговците, а граѓаните плаќаат прескапо

Драматична ноќ на Пелистер, се брани Националниот парк од огнената стихија – повреден работник кој скокнал од булдожер

Исланд ѝ сврте грб на ЕУ, сериозен удар за политиката на проширување

Останува високата опасност од пожари, тешка битка со пламените јазици на планината Жеден

Балканот влегува во ерата на дата центрите – соседите инвестираат милиони

Македонија

Вработените на ЈП „Паркови и зеленило“ – Скопје повторно протестираа

Од 10:00 до 11:30 часот денеска се одржа протест на крстосницата пред…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Од 10:00 до 11:30 часот денеска се одржа протест на крстосницата пред ЈП „Паркови и зеленило“ – Скопје. Вработените од ова јавно претпријатие бараат исплата на септемвриска плата, исплата на К-15, јубилејна награда, новогодишен додаток, отпремнина за работници со преостанат работен однос и исплата на помош за починат член во семејството. 

Протест, како што информира, Независниот синдикат на „Паркови и зеленило“ – Скопје, ќе има и утре, од 10 до 12 часот, на крстосницата на булеварот „Илинден“ со улицата „Никола Тесла“.

– Се продолжува рокот на штрајкот во мирување заради запазување на сите законски процедури, кои предвидуваат регуларен штрајк. Пробуваме да ги исцрпиме сите законски демократски средства, да успееме да се договориме мирно, изјави Атанас Георгиевски, претседател на Независен синдикат на „Паркови и зеленило“ – Скопје.