Реклама

Арсов: Националниот центар за податоци ќе ги поврзе институциите и ќе ги забрза услугите

Пресврт во случајот „Мазут“ предметот повторно се отвора

Исланд со црвено светло за Брисел: Македонија не смее да се откаже од ЕУ по исландското „НЕ“

Откорнати кровови, паднати дрва, блокиран сообрајќај-силно невреме го погоди истокот

„Колегиум“ на Алфа ТВ стартува утре – дебата без ракавици

Младите да останат дома – општините со мерки против иселувањето и белата чума

Сè помалку ученици, сè поголема демографска грижа – клучот е во образованието

Федерација на фармери: Се мачиме, ќарот оди кај трговците, а граѓаните плаќаат прескапо

Драматична ноќ на Пелистер, се брани Националниот парк од огнената стихија – повреден работник кој скокнал од булдожер

Исланд ѝ сврте грб на ЕУ, сериозен удар за политиката на проширување

Останува високата опасност од пожари, тешка битка со пламените јазици на планината Жеден

Балканот влегува во ерата на дата центрите – соседите инвестираат милиони

Македонија

Директорот на ЦУК на работна средба со амбасадорката на Холандија во ТПЦ Табановце

Директорот на Центарот за управување со кризи (ЦУК), Мухамед Али, денеска оствари…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Директорот на Центарот за управување со кризи (ЦУК), Мухамед Али, денеска оствари работна средба со амбасадорката на Кралството Холандија во Македонија, Озлем Канел, во Транзитниот центар за мигранти во Табановце, општина Куманово.

Средбата, која се одржа по иницијатива на амбасадорката Канел, беше фокусирана на функционалноста на Националниот систем за одговор во комплексни ситуации, особено во контекст на миграциски движења и кризни состојби.

Во разговорите, како што соопштија од ЦУК, беше нагласена важноста на институционалната одговорност, ефикасната комуникација и координација меѓу сите релевантни чинители, со цел обезбедување соодветна грижа за мигрантите и почитување на меѓународните договори и протоколи.

Реклама

-Ние, како институции, остануваме посветени на исполнување на задачите што произлегуваат од проценетите потреби за одговор, превенција и справување со сите ризици и опасности што можат да го загрозат животот, здравјето и материјалните добра на граѓаните, истакна директорот Али.

Амбасадорката Канел ја потенцираше континуираната поддршка што Холандија ѝ ја обезбедува на Македонија, како и отвореноста на Амбасадата за понатамошна соработка во сите области, согласно утврдените потреби и приоритети на институциите.