Реклама

УЈП ги повика граѓаните кои имале заработка од странство во 2021 година да платат данок

Најнеизвесни избори во Србија, студентите против Вучиќ

Еколошки грабеж без крај: Јабланица опустошена од дрвокрадци и намерни пожари

Почна реконструкцијата на кровот на штипската Клиничка болница

Немири во Европа, Македонија засега безбедна: На одредени странски сили би им одговарало тука да има нестабилност

Свечена академија „Свои на своето“- Мицкоски: Ова е нашето време и наша одговорност, да изградиме Македонија во која вреди да се живее

Имунизација против грип: Вакцината е клучна за ранливите, но не е за секого

Акциски план за малцинствата пред Бугарите во Уставот – стратегија за заштита на националните интереси

Музејот во Ново Село – мост до минатото каде што историјата оживува

Македонската ослободителна мисла – идеали што создадоа држава

Над 120 амандмани – расправа за вториот ребаланс на буџетот

Мицкоски од Црна Гора: Нема да отстапиме од борбата за националните интереси, ниту од борбата да бидеме дел од ЕУ

Македонија

Народната банка на Македонија и Централната банка на Холандија организираат 16. Конференција за плаќања и пазарна инфраструктура

Народната банка на Македонија и Централната банка на Холандија денеска и утре…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Народната банка на Македонија и Централната банка на Холандија денеска и утре во Охрид ќе ја организираат 16-тата  Конференција за плаќања и пазарна инфраструктура, продолжувајќи ја долгогодишната традиција на заедничко разгледување на можностите и предизвиците во областа на платежните услуги.

На годинашната конференција, која се одржува под мотото „Преповрзување на плаќањата за дигиталната ера – приклучувањето кон СЕПА: Ново поглавје за плаќањата“, се очекува присуство на претставниците на централни банки, деловни банки, финтек-компании, небанкарски даватели на платежни услуги, како и претставници од меѓународни финансиски институции и тела на Европската Унија.

Конференцијата ќе ја отворат гувернерот на Народната банка, Трајко Славески и директорката на Секторот за плаќања од Централната банка на Холандија, Инге ван Дијк.

Реклама

Централна тема ќе биде историскиот исчекор на Македонија со приклучувањето кон Единствената област за плаќање во евра – СЕПА, заедно со Албанија, Црна Гора и Молдавија. По тој повод, ќе се обрати генералниот директор на Европскиот совет за плаќања, Џорџо Андреоли.