Реклама

Арсов: Националниот центар за податоци ќе ги поврзе институциите и ќе ги забрза услугите

Пресврт во случајот „Мазут“ предметот повторно се отвора

Исланд со црвено светло за Брисел: Македонија не смее да се откаже од ЕУ по исландското „НЕ“

Откорнати кровови, паднати дрва, блокиран сообрајќај-силно невреме го погоди истокот

„Колегиум“ на Алфа ТВ стартува утре – дебата без ракавици

Младите да останат дома – општините со мерки против иселувањето и белата чума

Сè помалку ученици, сè поголема демографска грижа – клучот е во образованието

Федерација на фармери: Се мачиме, ќарот оди кај трговците, а граѓаните плаќаат прескапо

Драматична ноќ на Пелистер, се брани Националниот парк од огнената стихија – повреден работник кој скокнал од булдожер

Исланд ѝ сврте грб на ЕУ, сериозен удар за политиката на проширување

Останува високата опасност од пожари, тешка битка со пламените јазици на планината Жеден

Балканот влегува во ерата на дата центрите – соседите инвестираат милиони

Македонија

Герасимовски: Ги задолживме управителите и куќните совети итно да спроведат дератизација и дезинсекција во сите станбени објекти

– Градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски денеска одржал состанок со управители…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

– Градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски денеска одржал состанок со управители на станбени згради и претставници на куќни совети, на кој се разговарало за усвоените кризни мерки за справување со состојбата со сметот.

Од прес-службата на Општина Центар информираат дека управителите добиле задолжение од општината итно да спроведат вонредна дератизација, дезинсекција и дезинфекција во сите станбени објекти кои се под нивна надлежност.

-Се работи за алармантна ситуација. Некои ме критикуваат дека не е моја работа да ги чистам улиците, но не се согласувам, секој од нас треба да даде личен пример, а тоа постојано сум го правел. Секогаш кога имало криза или хаварија, јас и мојот тим сме се вклучувале директно во решавањето на проблемите. И овојпат, со актуелнава криза, го правиме истото, нагласил Герасимовски.

Реклама

Тој посочил дека на домаќинствата ќе им бидат доделени големи, бесплатни ќеси за отпад кои добро се затвораат и потешко се кинат, со насоки до станарите уредно и одговорно да го фрлаат комуналниот смет.

Во меѓувреме, општината спровела вонредна дератизација на сите 1.980 шахти со сертифициран препарат, а дополнително беше извршена и вонредна дератизација и дезинсекција во сите градинки и училишта на територијата на локалната самоуправа.