Реклама

УЈП ги повика граѓаните кои имале заработка од странство во 2021 година да платат данок

Најнеизвесни избори во Србија, студентите против Вучиќ

Еколошки грабеж без крај: Јабланица опустошена од дрвокрадци и намерни пожари

Почна реконструкцијата на кровот на штипската Клиничка болница

Немири во Европа, Македонија засега безбедна: На одредени странски сили би им одговарало тука да има нестабилност

Свечена академија „Свои на своето“- Мицкоски: Ова е нашето време и наша одговорност, да изградиме Македонија во која вреди да се живее

Имунизација против грип: Вакцината е клучна за ранливите, но не е за секого

Акциски план за малцинствата пред Бугарите во Уставот – стратегија за заштита на националните интереси

Музејот во Ново Село – мост до минатото каде што историјата оживува

Македонската ослободителна мисла – идеали што создадоа држава

Над 120 амандмани – расправа за вториот ребаланс на буџетот

Мицкоски од Црна Гора: Нема да отстапиме од борбата за националните интереси, ниту од борбата да бидеме дел од ЕУ

Македонија

Најстудено и најмногу дожд на Попова Шапка

Утрово е најстудено на Попова Шапка, три степени, каде наврнал и најмногу…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Утрово е најстудено на Попова Шапка, три степени, каде наврнал и најмногу дожд во изминатите 24 часа 86 литри на метар квадратен. Како што информира Управата за хидрометеоролошки работи, до 8:30 часот измерени се 7 степени во Маврови Анови, Лазарополе и Крушево, 8 во Струмица, 9 во Берово и Крива Паланка, 10 во Куманово, Тетово, Скопје–Петровец, Скопје–Зајчев Рид, Гевгелија, Велес, Штип и Кавадарци, 11 во Прилеп, Претор, Виница во Охрид и 12 во Демир Капија и Битола.

До 8:30 часот наврнале и 57 литри дожд на единица површина во Крива Паланка, 55 во Маврови Анови, 43 во Лазарополе и Тетово, 38 во Куманово, 37 во Скопје – Петровец, 33 во Скопје – Зајчев Рид, 31 во Ѓуриште, 28 во Виница, 21 во Велес, 20 во Штип и Крушево, 9 во Кавадарци, 8 во Прилеп, 7 во Демир Капија, 6 во Берово и Битола, 5 во Претор, 4 во Гевгелија и 2 во Струмица.

Времето денеска претпладне ќе биде претежно облачно со повремени локални врнежи од дожд, наместа пообилни и поројни со услови за појава на ретки грмежи. Попладне врнежите ќе престанат, а облачноста ќе се намали. Ќе дува засилен ветер од западен и северозападен правец.

Реклама

Максималната температура ќе биде во интервал од 13 до 19 степени. Во Скопје, променливо облачно, претпладне со повремени врнежи од дожд, локално пообилни. Попладне врнежите ќе престанат. Ќе дува умерен ветер претежно од северен правец. Максималната температура ќе достигне до 16 степени.