Реклама

УЈП ги повика граѓаните кои имале заработка од странство во 2021 година да платат данок

Најнеизвесни избори во Србија, студентите против Вучиќ

Еколошки грабеж без крај: Јабланица опустошена од дрвокрадци и намерни пожари

Почна реконструкцијата на кровот на штипската Клиничка болница

Немири во Европа, Македонија засега безбедна: На одредени странски сили би им одговарало тука да има нестабилност

Свечена академија „Свои на своето“- Мицкоски: Ова е нашето време и наша одговорност, да изградиме Македонија во која вреди да се живее

Имунизација против грип: Вакцината е клучна за ранливите, но не е за секого

Акциски план за малцинствата пред Бугарите во Уставот – стратегија за заштита на националните интереси

Музејот во Ново Село – мост до минатото каде што историјата оживува

Македонската ослободителна мисла – идеали што создадоа држава

Над 120 амандмани – расправа за вториот ребаланс на буџетот

Мицкоски од Црна Гора: Нема да отстапиме од борбата за националните интереси, ниту од борбата да бидеме дел од ЕУ

Македонија

Левица: Кандидатите на ВРЕДИ шират шовинистичка реторика

Скандалозните изјави на кандидатот за градоначалик на Брвеница од ВРЕДИ – Хаќим…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Скандалозните изјави на кандидатот за градоначалик на Брвеница од ВРЕДИ – Хаќим Рамадани, предизвикуваат етнички тензии и шират национал-шовинизам, во очигледно отсуство на проекти и визија за развој на сопствената општина!

Рамадани од ВРЕДИ во јавно обраќање од дијаспората наместо да говори за проекти, со шовинистичка реторика го глорифицираше сепаратизмот на Илирида, со што директно промовира национална и етничка омраза против македонскиот народ, стои во соопштението на Левица.

Рамадани потврди дека во општина Брвеница се обединети заедно со ДУИ во вториот круг против кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ, што ја демонстрира сервилноста на Мицкоски кон помалиот коалиционен партнер. Иако Мицкоски предводи влада со апсолутно мнозинство, иако целиот политички наратив со кој ја доби поддршката на народот беше дека неговата влада нема да “коленичи” – ДПМНЕ ги остави Тетово, Гостивар и Струга без свои кандидати за градоначалници.

Реклама

Овие штетни наративи од политичари заглавени во минатото (како Рамадани) создаваат само поделби и нетрпеливост, додека населението масовно се иселува од Македонија поради растечката сиромаштија и корупција. И на сите овие анти-македонски изјави, кои го понижуваат достоинството на македонскиот народ, Мицкоски одбира да молчи за да го сочува мирот во сопствената влада.

Левица јавно прашува: дали Мицкоски ќе биде само нем набљудувач пред изјавите на неговите коалициони партнери, кои директно шират омраза против македонскиот народ и глорифицираат сепаратизам против унитарниот каракатер на Републиката?!