Реклама

Мерко ја полнел Општина Струга со „фантомски“ административци – Ќура дели откази

Прилепската болница ги подобрува условите и за предвреме родените бебиња

Продолжуваат сопките околу надзорната расправа за „Алта банка“ – ВМРО-ДПМНЕ бара да продолжи утре, Лукаревска закажа седница за буџетот

Да не се шират лажни информации за „Стив Наумов“ – Делегацијата на ЕУ реагира по обвинувањата за лоши услови во домот

Раст што станува реалност, туризмот во септември со нови позитивни бројки

Нов удар на СДСМ врз монетарната власт: Со кривични пријави против Славески бараат НБРМ да биде обезглавена

Алта банка ќе преживее, проблем ќе биде како да се врати довербата во банкарскиот систем

Алта банка повторно функционира и со експозитура во Скопје, овозможена и исплата на плати и придонеси

Никола Јанкуловски избран за претседател на Лекарската комора

Академик Владо Камбовски со детали за новиот КЗ со кој конечно треда да се стави ред во правниот хаос

Мицкоски ја разобличи хистеријата на Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ барала влегување во деловни односи со Алта

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

Прилози

Младите бегаат од нивите, земјоделството не им е привлечна стопанска гранка – неопходна е стратегија да се вратат

Во услови кога државата бележи значителен пораст во извозот на земјоделски производи,…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Во услови кога државата бележи значителен пораст во извозот на земјоделски производи, а Македонија важи за квалитетна и конкурента земја со препознатливо производство кое го освојува и странските пазари, проблем број еден останува недостатокот на работна сила. Младите бегаат од нивите, земјоделството не им е привлечна стопанска гранка. Интересот за враќање во руралните средини исчезнува. Штом ќе заминат во средно училиште, веќе никој не се враќа во средините во кои што живеат-покажуваат студиите кои го спроведе земјоделскиот факултет во Скопје. Загрижува и поведението на нивните родители.

 “И во некои разговори со нивните родители, тие ги охрабруваат своите деца да не се вратат во руралните средини, бидејќи најголем проблем кој што беше посочен дека руралната инфраструктура не постои. Исто тоа не постојат основни работи кои што би ги повлекле назад младите. Но работата е дали треба да се инвестира во средини во кои што веќе нема луѓе, бидејќи тоа се големи инвестиции. Од друга страна пак младите си одат бидејќи нема инфраструктура” –вели Емељ Туна-универзитетски професор

Миграциите се комплексен прболем не само кај нас туку и во Европската Унија, а посебно ги се изразени во земјите од Западен Балкан.

Реклама

 “Проблемот со депопулацијата и напуштањето на руралните средини е сериозен, една од причините е и тоа што одржливоста на малите семејни земјоделски стопанства не може да опстои”-вели Драги Димитриески, универзитeтски професор

 “Нашиот фокус треба да биде насочен токму кон малите земјоделски производители, малите земјоделски стопанства кои што доминираат особено во нашата земја и кои што практично се суштината на земјоделскиот сектор”-вели проф. Ивана Јаневска Стаменковска,продекан на факултет за Земјоделски науки Скопје 

Семејните земјоделски стопанства се мали со мал посед во просек од по еден и пол хектар, за разлика од  90-тите години кога сме имале земјишни капацитети од преку 660.000 хектари. Денес имаме по статистички околу 515.000 хектари обработливо земјиште. Во овој долг повеќедецениски низ напуштени се близу 150.000 хектари. Државата издвојува сериозни средства за поддршка на земјоделството, но нема брзи решенија во оваа стопанска гранка, истакнуваат универзитетските професори. Министерството за земјоделство веќе презема чекори, кофинансира разни сектори во земјоделието со цел да се зајакне домашното производство. Кофинансирањето се однесува на набавка на механизација, обезбедување грантови во делот на производство од мал обем на прозиводи.