Реклама

Арсов: Националниот центар за податоци ќе ги поврзе институциите и ќе ги забрза услугите

Пресврт во случајот „Мазут“ предметот повторно се отвора

Исланд со црвено светло за Брисел: Македонија не смее да се откаже од ЕУ по исландското „НЕ“

Откорнати кровови, паднати дрва, блокиран сообрајќај-силно невреме го погоди истокот

„Колегиум“ на Алфа ТВ стартува утре – дебата без ракавици

Младите да останат дома – општините со мерки против иселувањето и белата чума

Сè помалку ученици, сè поголема демографска грижа – клучот е во образованието

Федерација на фармери: Се мачиме, ќарот оди кај трговците, а граѓаните плаќаат прескапо

Драматична ноќ на Пелистер, се брани Националниот парк од огнената стихија – повреден работник кој скокнал од булдожер

Исланд ѝ сврте грб на ЕУ, сериозен удар за политиката на проширување

Останува високата опасност од пожари, тешка битка со пламените јазици на планината Жеден

Балканот влегува во ерата на дата центрите – соседите инвестираат милиони

Македонија

Лишени од слобода возачи во Битола и Македонски Брод поради безобѕирно управување возило

Полициски службеници од СВР Битола лишиле од слобода возачи во Битола и…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Полициски службеници од СВР Битола лишиле од слобода возачи во Битола и Македонски Брод поради безобѕирно управување возило. Првиот, 27-годишен битолчанец управувал возило со 2,16 промили алкохол во крвта, а вториот, жител на Македонски Брод биле со измерени 2,03 промили алкохол. Двајцата биле исклучени од сообраќај и против нив се изречени кривични пријави.

Од секторот за односи со јавност при СВР Битола информираа дека утрово во 03:42 часот при контрола во сообраќајот, полициските службеници сопреле возило „опел” со битолски регистарски ознаки, кое го управувал П.Д., и при преземање мерки констатирано е дека го управува возилото под дејство на алкохол, односно измерени му се 2,16 промили алкохол во крвта. Веднаш потоа, П.Д. е исклучен од сообраќај и ќе му биде изречена кривична пријава за безобѕирно управување со возило.

Иста кривична пријава ќе биде изречена и за С.В. од Македонски Брод кој возел под дејство на алкохол и притоа измерени му се 2,03 промили алкохол во крвта.

Реклама

-Полициски службеници од ОВР Македонски Брод го лишија од слобода С.В. од Македонски Брод кој на улицата „Маршал Тито“ возел под дејство на алкохол. При контрола во сообраќајот, полициските службеници сопреле патничко возило „рено“ со регистарски ознаки од Македонски Брод, кое го управувал С.В. и констатирале дека е под дејство на алкохол, односно измерени му се 2,03 промили алкохол во крвта. С. В., бил иисклучен од сообраќај и по документирање на настанот ќе му биде поднесена кривична пријава за безобѕирно управување на моторно возило, информираа од СВР Битола.

Како што е познато, максималната дозволена на алкохол во крвта за возачи на моторни возила изнесува 0,5 промили.