Реклама

Арсов: Националниот центар за податоци ќе ги поврзе институциите и ќе ги забрза услугите

Пресврт во случајот „Мазут“ предметот повторно се отвора

Исланд со црвено светло за Брисел: Македонија не смее да се откаже од ЕУ по исландското „НЕ“

Откорнати кровови, паднати дрва, блокиран сообрајќај-силно невреме го погоди истокот

„Колегиум“ на Алфа ТВ стартува утре – дебата без ракавици

Младите да останат дома – општините со мерки против иселувањето и белата чума

Сè помалку ученици, сè поголема демографска грижа – клучот е во образованието

Федерација на фармери: Се мачиме, ќарот оди кај трговците, а граѓаните плаќаат прескапо

Драматична ноќ на Пелистер, се брани Националниот парк од огнената стихија – повреден работник кој скокнал од булдожер

Исланд ѝ сврте грб на ЕУ, сериозен удар за политиката на проширување

Останува високата опасност од пожари, тешка битка со пламените јазици на планината Жеден

Балканот влегува во ерата на дата центрите – соседите инвестираат милиони

Македонија

Лабудовиќ: Субвенции за годишен сервис на лифтови и хидранти, за безбедни згради и сигурни граѓани

Кандидатот за градоначалник на Општина Центар, Мирослав Лабудовиќ, ја најави новата мерка…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Кандидатот за градоначалник на Општина Центар, Мирослав Лабудовиќ, ја најави новата мерка за субвенционирање на најголемиот дел од трошоците за годишниот сервис на лифтови и хидранти во сите станбени згради – чекор што има за цел да ја зголеми безбедноста на граѓаните и да ја поттикне одговорноста кон редовното одржување на зградите, се наведува во соопштението на ЗНАМ.

„Општината има обврска да се грижи за своите граѓани – не само со големи и долгорочни проекти, туку и со конкретни, секојдневни мерки кои го олеснуваат животот и го прават побезбеден. Затоа ја воведуваме мерката за субвенционирање на 70 отсто од редовниот годишен сервис на лифтови и хидранти,“ изјави Лабудовиќ.

Оваа мерка е од особено значење за старите згради и за станбените заедници кои со години се соочуваат со високи трошоци и застарени системи. Често лифтовите не се сервисираат редовно, а противпожарните системи остануваат нефункционални – што го загрозува животот на станарите и нивната безбедност.

Реклама

Со субвенционирањето, Општината ќе преземе дел од финансиската обврска, со што ќе им помогне на граѓаните навреме да ги направат задолжителните технички прегледи, да избегнат ризици, и да се чувствуваат сигурно во сопствените домови.

„Безбедноста на секој човек, секое семејство и секој дом во Центар е наш приоритет. Оваа мерка е пример за тоа како локалната самоуправа може практично да помогне – со превенција, грижа и навремена реакција,“ истакна Лабудовиќ. Тој додаде дека преку оваа мерка Центар ќе стане пример за модерна и одговорна општина која навистина се грижи за својот народ.

Според планираниот модел, Општината ќе ги покрива дел од трошоците за редовен годишен сервис на лифтовите и хидрантите, а средствата ќе се обезбедат преку јавен повик на кој ќе можат да аплицираат сите станбени заедници на територијата на општината. Субвенциите ќе бидат достапни под еднакви услови за сите жители, со приоритет на зградите со повисока фреквенција на користење на лифтови и оние што немаат редовен сервис повеќе години.