Реклама

Николоски: Нема ништо тајно, блокадата од Бугарија е политичка и не е поврзана со било кој сегмент од реформите

Пеколен бран: шпоретот исклучен, ролетните спуштени, најмногу треба да пазат луѓето над 65 години

Пензионерите кои сакаат можат да се враќаат на пазарот на труд, искуството и знаењето нова шанса за бизнисот

На Филипче му се стемни од спотот „Силно светна денот“: Непримерна критика која ја покажува фрустрацијата на СДСМ

ИТ-секторот веќе не е најатрактивен – работодавачите најмногу бараат занаетчии, готвачи и електричари

25 години од заседата кај Љуботенски Бачила – споменот не бледее

Тие што имаат штедат, другите земаат кредити – Расте и штедењето и земањето кредити

Мерџановски за донесеното момче по операцијата од Турција: Почнува да јаде, од интензивна нега оди на трауматологија

Ново научно дело „Св. Климент Охридски во современата македонска творечка инспирација“

Нови авиолинии, Гевгелија нов туристички центар – туризмот останува приоритет на власта

За 24 месеци во прилепската Општа болница инвестирани 150 милиони денари, а трајно се вработени 124 лица

Гостиварци чекаат одговор дали ќе плаќаат за водата која не смеат да ја пијат

Прилози

Скопје требаше да блеска, а не да тоне во ѓубре – „Комунална“ потрошила 2,9 милион евра само годинава за јавни набавки

Речиси 178 милиони денари или скоро 2.9 милиони евра исплатени за тендери…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Речиси 178 милиони денари или скоро 2.9 милиони евра исплатени за тендери само од јануари до сега. Комунална хигиена троши сериозни суми народни пари, а Скопје останува затрупано во смет.

Специјалните возила за чистење ѓубре и целиот возен парк на Комунална хигиена во последните две години се сервисирале за над два милиони евра, па оттука главниот град би требало да биде чист како стакло, наместо да е потонат во ѓубре и со наезда на стаорци.

И не само редовни сериси, се купувале гуми, бандажи, масла, антифриз, федер платна, железарија, бош пумпи. Не се штедело ниту на канцелариски материјали, пијалоци, на осигурањето на имотот, сервисирање на фотокопири, противпожарни опреми, и на резервни делови за цел возен парк. Последниве две години во претријатието Комунинална хигиена очигледно не се работело домаќински и се склучувале тендери од неколку илјади па се до 250 илјади евра, буквално за се што треба и не треба.

Реклама

Само последниот тендер за сервис на возила од Комунална хигиена е тежок речиси 250.000 евра. На овој тендер потпис ставил актуелиот директор од ДУИ, Сабахудин Рустеми, именуван од актуелната градоначалничка Данела Арсовска.

Дел од Склучен тендер за Сервисирање на специјални комунални возила од  03.07.2025

Вкупната цена на нашата понуда, вклучувајќи ги сите трошоци и попусти, без ДДВ, изнесува: 14.929.950,00 (четиринаесетмилиони деветстотини дваесет и девет илјади деветстотини и педесет) денари.

Вкупниот износ на ДДВ изнесува 2.687.391,00 денари/

Претходно, се потрошени речиси 60 илјади евра за технички преглед на возилата којшто го спровела фирма од скопско Чучер Сандево.

Дел од Склучен тендер за технички преглед на специјални комунални возила и лесни возила 30.04.2025

Предмет на овој договор е јавна набавка на услуга Технички преглед на специјални комунални возила и лесни возила, по приложена техничка спецификација.

Вкупната вредност на договорот изнесува 1.500.000,00 денари без ДДВ, или 1.770.000,00 денари со вклучен ДДВ.

Страниците на Електронскиот систем на Јавни набавки за последниве години е преполн со тендери на Комунална хигиена. Тендерите ги спровеле актуелниот директор и неговиот претходник Гоце Трајковски кој беше поставен на местото на Косана Мазнева, екс директорката која беше блиска со Арсовска, но вообичаено за градоначалничката, се скара и со неа. И во тоа време Скопје беше потонато во ѓубре.

Проблемот со натрупаното ѓубре во Скопје се провлекува низ целиот мандат на Арсовска. Пред два месеци граѓаните се кренаа на протести поради Вардариште и Дрисла, а неколку диви депонии гореа околу градот со што го загрозија здравјето на граѓаните. Исто така, дел од градоначалниците на скопските општини со години реагираат за работата на претпријатието коешто е под палката на Арсовска бидејќи поради натрупаниот смет, се принудени самите да се организираат и да ги чистат скопските улици.