Реклама

УЈП ги повика граѓаните кои имале заработка од странство во 2021 година да платат данок

Најнеизвесни избори во Србија, студентите против Вучиќ

Еколошки грабеж без крај: Јабланица опустошена од дрвокрадци и намерни пожари

Почна реконструкцијата на кровот на штипската Клиничка болница

Немири во Европа, Македонија засега безбедна: На одредени странски сили би им одговарало тука да има нестабилност

Свечена академија „Свои на своето“- Мицкоски: Ова е нашето време и наша одговорност, да изградиме Македонија во која вреди да се живее

Имунизација против грип: Вакцината е клучна за ранливите, но не е за секого

Акциски план за малцинствата пред Бугарите во Уставот – стратегија за заштита на националните интереси

Музејот во Ново Село – мост до минатото каде што историјата оживува

Македонската ослободителна мисла – идеали што создадоа држава

Над 120 амандмани – расправа за вториот ребаланс на буџетот

Мицкоски од Црна Гора: Нема да отстапиме од борбата за националните интереси, ниту од борбата да бидеме дел од ЕУ

Македонија

Бајовски: Чучер Сандево ќе се вклопи во сликата на Скопје со поддршка од Владата и нови инвестиции

Зоран Бајовски, кандидат за градоначалник на општина Чучер Сандево од редовите на…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Зоран Бајовски, кандидат за градоначалник на општина Чучер Сандево од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, се обрати денес од населеното место Кучевишка Бара. Бајовски нагласи дека со поддршка од Владата и градот Скопје ќе се реализираат проекти за подобрување на животот во општина Чучер Сандево, меѓу кои е и инвестиција од 45 милиони денари во Кучевишка Бара за пречистителна станица, канализациска и водоводна мрежа, стои во соопштението на ВМРО-ДПМНE.

„Сега конечно, ги ставивме проблемите и потребите на граѓаните на ова населено место во програма. Заедно со Владата заедно со градот Скопје, со општина Бутел, бидејќи граничиме и се препокриваме во некои делови, да ја направиме поубаво место за живеење и достојно место за живеење во делот на Скопје“, рече Бајовски.

Бајовски истакна дека Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ издвоила околу 45 милиони денари за проектот во Кучевишка Бара, а како што вели тој, проектот опфаќа 13 километри примарна и секундарна мрежа, атмосферска канализација и реконструкција на водоводната мрежа, со што конечно ќе се решат клучните инфраструктурни потреби во овој дел од општината.

Реклама

„Тоа го покажа Владата предводена од премиерот Христијан Мицкоски. Најмногу средства во Чучер Сандево беа доделени токму за Кучевишка Бара, околу 45 милиони денари, средства од унгарскиот кредит за изградба на пречистителна станица“, кажа Бајовски и додаде:

„Во тој дел во програмата е токму 13 километри примарни секундарна мрежа заедно со пречистителна станица, но и атмосферска канализација, но и коригирање на делот на водовод конкретно реконструкција на водоводната мрежа улица, и мислам конечно Кучевишка Бара ќе го добие тоа што и е потребно“.

Бајовски ги повика граѓаните на Чучер-Сандево масовно да излезат на гласање во вториот изборен круг на 2 ноември и да поддржат кандидат за градоначалник од  редовите на ВМРО-ДПМНЕ со број 9.

„Да го дадете гласот за градоначалник на ВМРО-ДПМНЕ со реден број 9 и конечно и Чучер Сандево да се вклопи во сликата на Скопје како општина“, заклучи Бајовски.