Реклама

Мерко ја полнел Општина Струга со „фантомски“ административци – Ќура дели откази

Прилепската болница ги подобрува условите и за предвреме родените бебиња

Продолжуваат сопките околу надзорната расправа за „Алта банка“ – ВМРО-ДПМНЕ бара да продолжи утре, Лукаревска закажа седница за буџетот

Да не се шират лажни информации за „Стив Наумов“ – Делегацијата на ЕУ реагира по обвинувањата за лоши услови во домот

Раст што станува реалност, туризмот во септември со нови позитивни бројки

Нов удар на СДСМ врз монетарната власт: Со кривични пријави против Славески бараат НБРМ да биде обезглавена

Алта банка ќе преживее, проблем ќе биде како да се врати довербата во банкарскиот систем

Алта банка повторно функционира и со експозитура во Скопје, овозможена и исплата на плати и придонеси

Никола Јанкуловски избран за претседател на Лекарската комора

Академик Владо Камбовски со детали за новиот КЗ со кој конечно треда да се стави ред во правниот хаос

Мицкоски ја разобличи хистеријата на Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ барала влегување во деловни односи со Алта

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

Прилози

Почна 40. јубилејно издание на фестивалот „Макфест“ во Штип

Со кревање на фестивалското знаме, почна  четириесеттото јубилејно издание на Фестивалот за…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Со кревање на фестивалското знаме, почна  четириесеттото јубилејно издание на Фестивалот за забавни мелодии„ Макфест„. Оваа година, македонската забавна сцена, ќе биде збогатена со нови 27композиции. Фестивалот кој со децении претставува симбол на Штип и оваа година ја продолжува традицијата на негување на домашната музика. ,  

 „Макфест е една успешна приказна, потврдена. Четири децении не е шала. Јас како што знам само Евровизија, подолго трае од Макфест. Се продуцирани и објавени над 1200 композиции, 27 се нови вечерва Меѓутоа, тоа се стотици и стотици хитови , на коишто сите добро ни се познати„ изјави Роберт Саздов, директор на Фестивалот Макфест.

Макфест ќе пулсира во три вечери.  Во првите две ќе настапат  познати македонски  естрадни имиња и дебитанти,  додека третата вечер ќе биде резервирана за најголемите шлагери што некогаш биле отпеани на фестивалот.

Реклама

„На третата вечер, ќе имаме можност да се потсетиме на хитовите и победниците коишто произлегле од фестивалот од самото негово постоење„ изјави, Александар Арсовски, продуцент на фестивалот, од Општина Штип.

Макфест не е само музички настан, туку е дел од културниот идентитет на градот.  Со својата долга традиција тој го промовира Штип, како центар на македонската забавна музика, порача градоначалникот Иван Јорданов.

 „Мојата желба е Општина Штип,  да продолжи заедно со сите добронамерници, заедно со Министерството за култура, да го развива овој македонски бренд, затоа што преку Макфест, се поддржува македонската уметност и македонската култура„ изјави Иван Јорданов, градончалник на Штип.

Фестивалот финансиски е поддржан од Општина Штип, Министерството за култура и општествено-одговорни компании.