Реклама

УЈП ги повика граѓаните кои имале заработка од странство во 2021 година да платат данок

Најнеизвесни избори во Србија, студентите против Вучиќ

Еколошки грабеж без крај: Јабланица опустошена од дрвокрадци и намерни пожари

Почна реконструкцијата на кровот на штипската Клиничка болница

Немири во Европа, Македонија засега безбедна: На одредени странски сили би им одговарало тука да има нестабилност

Свечена академија „Свои на своето“- Мицкоски: Ова е нашето време и наша одговорност, да изградиме Македонија во која вреди да се живее

Имунизација против грип: Вакцината е клучна за ранливите, но не е за секого

Акциски план за малцинствата пред Бугарите во Уставот – стратегија за заштита на националните интереси

Музејот во Ново Село – мост до минатото каде што историјата оживува

Македонската ослободителна мисла – идеали што создадоа држава

Над 120 амандмани – расправа за вториот ребаланс на буџетот

Мицкоски од Црна Гора: Нема да отстапиме од борбата за националните интереси, ниту од борбата да бидеме дел од ЕУ

Македонија

Коњановски: Славиме празник, должност во денешнината за континуиран напредок на Македонија

Празникот 23 Октомври е должност во денешнината за континуиран напредок на Македонија,…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Празникот 23 Октомври е должност во денешнината за континуиран напредок на Македонија, истакна градоначалникот на Битола Тони Коњановски, честитајќи го Денoт на македонската револуционерна борба.

Според востановената традиција, за Денoт на македонската револуционерна борба, 23 Октомври, делегации на општината и претставници на јавниот живот во градот, положија цвеќе пред споменикот на Даме Груев во дворот на НУ Завод и Музеј-Битола.

-Пред 132 години, на денешен ден, беше основана Македонската револуционерна организација во Солун. Денес им оддаваме почит, пред споменикот на еден од основоположниците на организацијата, на Даме Груев, со што се потсетуваме на почетокот на македонското револуционерно движење и организираната борба на македонскиот народ за формирање на независна држава. Овој празник е должност во денешнината за континуиран напредок на Македонија, истакна градоначалникот Коњановски.

Реклама

Цвеќе пред спомениот на Даме Груев во Битола, положија и претставници на општинската организација на Сојуз на борците.