Реклама

Свечена академија „Свои на своето“- Мицкоски: Ова е нашето време и наша одговорност, да изградиме Македонија во која вреди да се живее

Имунизација против грип: Вакцината е клучна за ранливите, но не е за секого

Акциски план за малцинствата пред Бугарите во Уставот – стратегија за заштита на националните интереси

Музејот во Ново Село – мост до минатото каде што историјата оживува

Македонската ослободителна мисла – идеали што создадоа држава

Над 120 амандмани – расправа за вториот ребаланс на буџетот

Мицкоски од Црна Гора: Нема да отстапиме од борбата за националните интереси, ниту од борбата да бидеме дел од ЕУ

Јосифовска не се појави во судница за тужбата против Лејла Кадриу

Милионски тендери за мрак во Кичево

Свечена заклетва на 30. класа питомци на Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“

Почна Самитот на Берлинскиот процес во Црна Гора – премиерот Мицкоски очекува силни пораки за интеграцијата на Западен Балкан

Стратешко поврзување со Европа: Коридорите 8 и 10 се врвен приоритет на македонската Влада, за економски напредок и политичка стабилност

Македонија

Минчев: Храброста и идеалите на борците не водат во напорите за градење современа, демократска и праведна држава

Министерот за јавна администрација Горан Минчев по повод 23 Октомври – Денот…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Министерот за јавна администрација Горан Минчев по повод 23 Октомври – Денот на македонската револуционерна борба, упати честитка до граѓаните во која порачува дека на денешен ден оддаваме почит на визијата и пожртвуваноста на македонските револуционери кои со својата борба ги поставија темелите на нашата државност и стремежот за слобода, правда и еднаквост.

-Храброста и идеалите на борците од Илинденската и народноослободителната традиција остануваат втемелени во нашето колективно сеќавање и не водат во напорите за градење на современа, демократска и праведна држава, истакнува Минчев во честитката.

Тој посочува дека како министер за јавна администрација „силно верува дека токму преку отчетност, професионализам и служба на граѓаните, ја продолжуваме борбата за подобро општество, општество какво што го замислувале нашите предци“.

Реклама

-Да го одбележиме овој ден со чувство на единство и одговорност кон иднината.Честит Ден на македонската револуционерна борба, наведува министерот Минчев во честитката.