Реклама

Мерко ја полнел Општина Струга со „фантомски“ административци – Ќура дели откази

Прилепската болница ги подобрува условите и за предвреме родените бебиња

Продолжуваат сопките околу надзорната расправа за „Алта банка“ – ВМРО-ДПМНЕ бара да продолжи утре, Лукаревска закажа седница за буџетот

Да не се шират лажни информации за „Стив Наумов“ – Делегацијата на ЕУ реагира по обвинувањата за лоши услови во домот

Раст што станува реалност, туризмот во септември со нови позитивни бројки

Нов удар на СДСМ врз монетарната власт: Со кривични пријави против Славески бараат НБРМ да биде обезглавена

Алта банка ќе преживее, проблем ќе биде како да се врати довербата во банкарскиот систем

Алта банка повторно функционира и со експозитура во Скопје, овозможена и исплата на плати и придонеси

Никола Јанкуловски избран за претседател на Лекарската комора

Академик Владо Камбовски со детали за новиот КЗ со кој конечно треда да се стави ред во правниот хаос

Мицкоски ја разобличи хистеријата на Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ барала влегување во деловни односи со Алта

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

Прилози

Инвестициски договор со „Бурсток“ – Мицкоски од Лондон најавува револуција во македонската индустрија

Владата отвора нова страница на економскиот и индустриски развој на државата. Македонија…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Владата отвора нова страница на економскиот и индустриски развој на државата. Македонија станува центар за инвестиции во наменската воена индустрија – проект што ќе донесе милионски вложувања, нови работни места и стратешка соработка со светски компании. Премиерот Христијан Мицкоски, кој ја предводи владината делегација на Самитот за Западен Балкан во рамки на Берлинскиот процес во Лондон, денеска го потпиша Меморандумот за разбирање со американско-британската компанија „Бурсток“. Компанијата има долгогодишно искуство во областа на одбраната, безбедноста, разузнавањето и управувањето со меѓународни проекти, како и во поморскиот и воздухопловниот комерцијален сектор. Премиерот Мицкоски очекува инвестициите во овој сектор да достигнат повеќе од една милијарда долари.

Денеска потпишавме меморандум за разбирање со американско-британската компанија ‘Бурсток’, која што ќе инвестира во наменската воена индустрија во Македонија до 150 милиони долари. Ќе имаме нови, високоплатени илјада работни места и ова е само почеток“, објави премиерот Мицкоски на својата страница на Фејсбук.

Паралелно со активностите на премиерот Мицкоски, заменик-претседателот на Владата и министер за транспорт Александар Николоски во рамки на посетата на Обединетото Кралство оствари средба со претставници на „Националната агенција за извозно финансирање“ – УКЕФ.

Реклама

На состанокот се разговарало за можностите за поголема поддршка на британската агенција кон земјите од Западен Балкан, особено во секторите обновлива енергија, транспорт и здравство. Николоски ги потенцираше стратешките приоритети на Македонија за модерна инфраструктура, регионално поврзување и зелена транзиција.

Посебен фокус бил ставен на изградбата на брзата пруга – проект од национално и регионално значење што се реализира со поддршка и пари земени од поволниот кредит во висина до 5 милијарди фунти, за кои како гаранција застана владата на Обединетото Кралство.

„Македонија е пример како соработката со УКЕФ влијае врз регионалниот економски развој. Обединетото Кралство е наш стратешки партнер во развојот на земјата, а соработката се насочува кон поддршка на економскиот и општествениот напредок“, велат од Министерството за транспорт и врски.

Освен железницата и брзата пруга кон Грција, Македонија во соработка со Обединетото Кралство планира и многу други инвестиции во капитално инфрастуктурни проекти од стратешко значење за државата. Конкретно во делот на здравството и во образованието.