Реклама

Мерко ја полнел Општина Струга со „фантомски“ административци – Ќура дели откази

Прилепската болница ги подобрува условите и за предвреме родените бебиња

Продолжуваат сопките околу надзорната расправа за „Алта банка“ – ВМРО-ДПМНЕ бара да продолжи утре, Лукаревска закажа седница за буџетот

Да не се шират лажни информации за „Стив Наумов“ – Делегацијата на ЕУ реагира по обвинувањата за лоши услови во домот

Раст што станува реалност, туризмот во септември со нови позитивни бројки

Нов удар на СДСМ врз монетарната власт: Со кривични пријави против Славески бараат НБРМ да биде обезглавена

Алта банка ќе преживее, проблем ќе биде како да се врати довербата во банкарскиот систем

Алта банка повторно функционира и со експозитура во Скопје, овозможена и исплата на плати и придонеси

Никола Јанкуловски избран за претседател на Лекарската комора

Академик Владо Камбовски со детали за новиот КЗ со кој конечно треда да се стави ред во правниот хаос

Мицкоски ја разобличи хистеријата на Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ барала влегување во деловни односи со Алта

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

Прилози

Партиски математики по исходот од првиот круг од локалните избори

ВМРО-ДПМНЕ би добиле над 60 пратеници, а СДСМ би завршиле со 20-на…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

ВМРО-ДПМНЕ би добиле над 60 пратеници, а СДСМ би завршиле со 20-на пратеници доколку резултатите од првиот круг на локални избори се пресликаат на моделот за парламентарни. Ова го покажуваат анализите и проценките на двете партии. Од владејачката ВМРО-ДПМНЕ велат дека со добиените 300 000 гласови на локалните избори, на потенцијални парламентарни избори, според Донтовиот модел, партијата би освоила над 60 пратеници, додека, пак, за СДСМ велат дека во некои Изборни единици би била трета партија.

„На овие избори, ВМРО-ДПМНЕ освои 12 000 гласа повеќе од 2021 година, додека СДСM потона со минус 111 000 гласа. Ова е пораз кој најдобро ја отсликува недовербата на граѓаните во нивните промашени политики, неспособно владеење и неквалитетни кадри.“- велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Наспроти овие резултати, од опозициската СДСМ велат дека според нивните анализи, тие би освоиле најмалку 21 пратеник, а ВМРО-ДПМНЕ би имала најмногу 52.

Реклама

„Историската победа на овие локални избори на ВМРО-ДПМНЕ се должи на успешната работа на градоначалниците од редовите на ВМРО-ДПМНЕ изминатите четири години, како и работата на владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ и претседателот Христијан Мицкоси, кои го поддржаа општините како никогаш до сега.“- изјави Валентин Манасиевски од ВМРО-ДПМНЕ.

Според податоците на Државната изборна комисија, на првиот круг од локалните избори, ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата освоија 301 720 гласа, додека коалицијата предводена од СДСМ доби 125 758 гласа. Влајдечката партија освои и 550 советнички места, а опозициската 230. ВМРО-ДПМНЕ во првиот круг доби и градоначалници во 32 општини, а СДСМ во 3.