Реклама

Откорнати кровови, паднати дрва, блокиран сообрајќај-силно невреме го погоди истокот

„Колегиум“ на Алфа ТВ стартува утре – дебата без ракавици

Младите да останат дома – општините со мерки против иселувањето и белата чума

Сè помалку ученици, сè поголема демографска грижа – клучот е во образованието

Федерација на фармери: Се мачиме, ќарот оди кај трговците, а граѓаните плаќаат прескапо

Драматична ноќ на Пелистер, се брани Националниот парк од огнената стихија – повреден работник кој скокнал од булдожер

Исланд ѝ сврте грб на ЕУ, сериозен удар за политиката на проширување

Останува високата опасност од пожари, тешка битка со пламените јазици на планината Жеден

Балканот влегува во ерата на дата центрите – соседите инвестираат милиони

Забрани или едукација: Како до побезбеден дигитален свет за децата?

Борба против врсничкото насилство – училиштата со нови мерки

Растот на платите мора да биде следен со поголема куповна моќ и посилен приватен сектор

Македонија

Вработени од „Паркови и зеленило“, „Флораком“ и „Луна“ повторно на протест, од 28-ми најавуваат активирање на одлуката за штрајк

Вработени од „Паркови и зеленило“, „Флораком“ и „Луна“ организирани од Независниот синдикат…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Вработени од „Паркови и зеленило“, „Флораком“ и „Луна“ организирани од Независниот синдикат на државната администрација денеска протестираа поради неисплата на септемвриската плата. Блокирајќи ја раскрсницата на булеварот „Илинден“, побараа исплата на платата и почитување на одредбите од потпишаниот колективен договор односно исплата на додатоците за плата, регрес за годишен одмор, отпремнина за пензија.

На раководството на претпријатието му дадоа рок до 28-ми овој месец кога истекнува периодот за мирно решавање на спорови, а во спротивно ќе ја активираат одлуката за штрајк. 

– Секој ден бараме прием и уште не е примиле на разговор. Немаат волја за разговор и затоа ние мораме правото да го остваруваме на улица, изјави Горан Ристевски, претседател на гранскиот синдикат.

Реклама

Како што посочи, со години трае непочитувањето на колективниот договор.

– Ова трае веќе со години. Ние потпишавме колективен договор, но не за да им дадеме одложено дејствие на нивните обврски кон вработените, туку да не застарат побарувањата. Нашата добра волја беше искрена, но од страна на јавното претпријатие немаат сенс да го испочитуваат трудот на вработените, рече Ристевски. 

Вработените во „Паркови и зеленило“ имаат обврска да ги чистат парковите и зеленилото, односно ѓубрето што се наоѓа на овие површини.

Според Ристевски, тие тоа го прават но полека губат волја поради неисплата на платите. 

– Сметот од контејнерите што не е собран и разнесен на зелената површина треба да го соберат овие вработени и да го складираат. Имаат волја за работа, но полека ја губат бидејќи од септември не им е исплатена плата, рече Ристевски.