Реклама

УЈП ги повика граѓаните кои имале заработка од странство во 2021 година да платат данок

Најнеизвесни избори во Србија, студентите против Вучиќ

Еколошки грабеж без крај: Јабланица опустошена од дрвокрадци и намерни пожари

Почна реконструкцијата на кровот на штипската Клиничка болница

Немири во Европа, Македонија засега безбедна: На одредени странски сили би им одговарало тука да има нестабилност

Свечена академија „Свои на своето“- Мицкоски: Ова е нашето време и наша одговорност, да изградиме Македонија во која вреди да се живее

Имунизација против грип: Вакцината е клучна за ранливите, но не е за секого

Акциски план за малцинствата пред Бугарите во Уставот – стратегија за заштита на националните интереси

Музејот во Ново Село – мост до минатото каде што историјата оживува

Македонската ослободителна мисла – идеали што создадоа држава

Над 120 амандмани – расправа за вториот ребаланс на буџетот

Мицкоски од Црна Гора: Нема да отстапиме од борбата за националните интереси, ниту од борбата да бидеме дел од ЕУ

Македонија

Митески: Се организиравме да го исчистиме Аеродром од сметот

Надвор од нашите надлежности, се организиравме да го исчистиме Аеродром.  Чистиме насекаде,…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Надвор од нашите надлежности, се организиравме да го исчистиме Аеродром.  Чистиме насекаде, од Долно Лисче до Мичурин. Благодарност до општините: Илинден, Зелениково, Сопиште како и до многуте општествено-одговорни компании кои помагаат во целиот процес. Ќе издржиме уште 10 дена – Аеродром ќе го исчистиме, изјави денеска Дејан Митески, актуелен в.д градоначалник на Општина Аеродром и кандидат за градоначалник на ВМРО-ДПМНЕ кој влезе во вториот круг на локалните избори.

Општина Аеродром сама го чисти сметот од контејнерите, иако како што нагласува тој во изјавата за медиумите ЈП „Комунална Хигиена“ Скопје под раководство на Данела Арсовска е надлежна за собирање на смет, празнење на контејнерите и чистење на општините на територијата на Град Скопје и за тоа се платени од граѓаните. 

– Во изминатиот период или повеќе од 10 дена не се празнат контејнерите на територијата на општина Аеродром и не се подигнува отпадот од домаќинствата во Лисиче. Ние како општина поднесовме кривична пријава до Основното Јавно Обвинителство – Скопје, како и до Министерството за внатрешни работи. Одговорноста има име и презиме и таа мора да се детектира. Од страна на комунални инспектори на општината ги казнивме два пати по 80.000 евра, но попусто, кај нив не владее здравиот разум, рече Митески.

Реклама

ЈП „Комунална Хигиена“ Скопје неколку денови не го собира сметот од скопските контејнери, па дел од општините во Скопје се самоорганизираат за собирање на ѓубрето, а постапка покрена и Јавното обвинителство.

Видеото може да го погледнете на следниот линк: