Реклама

Откорнати кровови, паднати дрва, блокиран сообрајќај-силно невреме го погоди истокот

„Колегиум“ на Алфа ТВ стартува утре – дебата без ракавици

Младите да останат дома – општините со мерки против иселувањето и белата чума

Сè помалку ученици, сè поголема демографска грижа – клучот е во образованието

Федерација на фармери: Се мачиме, ќарот оди кај трговците, а граѓаните плаќаат прескапо

Драматична ноќ на Пелистер, се брани Националниот парк од огнената стихија – повреден работник кој скокнал од булдожер

Исланд ѝ сврте грб на ЕУ, сериозен удар за политиката на проширување

Останува високата опасност од пожари, тешка битка со пламените јазици на планината Жеден

Балканот влегува во ерата на дата центрите – соседите инвестираат милиони

Забрани или едукација: Како до побезбеден дигитален свет за децата?

Борба против врсничкото насилство – училиштата со нови мерки

Растот на платите мора да биде следен со поголема куповна моќ и посилен приватен сектор

Македонија

СУТКОЗ: Вработените во ЈП Комунална хигиена Скопје и СУТКОЗ ќе ги преземат сите мерки кои им стојат на располагање согласно законите и колективните договори

СУТКОЗ – единствениот репрезентативен синдикат за комунални дејности и ССМ ја известуваат…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

СУТКОЗ – единствениот репрезентативен синдикат за комунални дејности и ССМ ја известуваат јавноста дека на 21.10.2025 година во 11:30 часот, Извршниот одбор на Синдикалната организација на СУТКОЗ при ЈП Комунална хигиена Скопје, одржа состанок на кој се разговараше за состојбата во претпријатието, се наведува во соопштението од СУТКОЗ.

На состанокот беа поканети раководството на претпријатието, односно директорот на претпријатието (кој не дојде на состанокот) и Управниот одбор на претпријатието.

Досега неколку месеци на вработените во претпријатието платата им се исплаќа со задоцнување и покрај нашите сознанија дека на сметката на претпријатието, редовно од наплатата на сметките од граѓаните се префрлаат парични средства.

Реклама

И покрај тоа што се доцни со исплатата на платата за месец септември, сакаме да ја известиме јавноста дека вработените во претпријатието редовно ги извршуваат своите работни задачи со средствата кои им стојат на располагање, а истите се во недоволен број, односно има недостаток на камиони за собирање на смет, а за поголем број од нив нема резервни делови и не се во возна состојба.

За таквата ситуација вината не е кај вработените во претпријатието, кои вложуваат максимални напори да се собере сметот, туку кај раководството на претпријатието.

Вработените во претпријатието и СУТКОЗ ќе ги преземат сите мерки против раководството на претпријатието кои им стојат на располагање, согласно Законите и Колективните договори (кривични пријави и пријави до Државниот инспекторат за труд), притоа водејќи сметка да не се доведе во прашање положбата или здравјето на ниту еден вработен во претпријатието, како и здравјето на граѓаните на град Скопје.