Реклама

Мерко ја полнел Општина Струга со „фантомски“ административци – Ќура дели откази

Прилепската болница ги подобрува условите и за предвреме родените бебиња

Продолжуваат сопките околу надзорната расправа за „Алта банка“ – ВМРО-ДПМНЕ бара да продолжи утре, Лукаревска закажа седница за буџетот

Да не се шират лажни информации за „Стив Наумов“ – Делегацијата на ЕУ реагира по обвинувањата за лоши услови во домот

Раст што станува реалност, туризмот во септември со нови позитивни бројки

Нов удар на СДСМ врз монетарната власт: Со кривични пријави против Славески бараат НБРМ да биде обезглавена

Алта банка ќе преживее, проблем ќе биде како да се врати довербата во банкарскиот систем

Алта банка повторно функционира и со експозитура во Скопје, овозможена и исплата на плати и придонеси

Никола Јанкуловски избран за претседател на Лекарската комора

Академик Владо Камбовски со детали за новиот КЗ со кој конечно треда да се стави ред во правниот хаос

Мицкоски ја разобличи хистеријата на Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ барала влегување во деловни односи со Алта

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

Прилози

Владата нареди инспекции и истрага поради ѓубрето што го задуши Скопје

Заврши трпението на владата за самоволието на град Скопје и надлежното комунално…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Заврши трпението на владата за самоволието на град Скопје и надлежното комунално претпријатие.. За „планините“ од отпад кој може да се види по улиците во Скопје, институциите добија итна наредба од владата, веднаш да излезат на терен и да проверат зошто македонската метропола е претворена во мега депонија. Владата го задолжи МВР, заедно со три инспекторати – комуналниот, за животна средина и санитарниот, и Институтот за јавно здравје, итно да почнат со координирани вонредни инспекции низ Скопје.

„Се задолжуваат Државниот комунален инспекторат, Државниот инспекторат за животна средина, Државниот санитарен и здравствен инспекторат и Институтот за јавно здравје, во соработка со Министерството за внатрешни работи, согласно своите законски надлежности, веднаш да почнат со координиран вонреден инспекциски надзор на територија на Град Скопје, со цел утврдување на состојбата со комуналниот и друг вид на отпад и преземање соодветни мерки и активности.“- соопштува Владата.

На удар ќе бидат ЈП Комунална хигиена и Град Скопје. Министерството за внатрешни работи, според владината наредба, ќе го испитува работењето на јавното претпријатие, но и на градоначалничката Данела Арсовска.

Реклама

„Состојбата е алармантна и иако надлежноста е на Град Скопје, поради континуираното непостапување ги повикуваме институциите веднаш да постапуваат по донесените заклучоци на Владата.“- велат во соопштението од Владата.

Непријатната миризба и валакните улици станаа секојдневие со кое граѓаните се будат последниве неколку дена. Со денови алармираат дека купови ѓубре се трупа во секоја општина во градот. Според Владата, оваа состојба веќе претставува закана за здравјето на граѓаните.