Реклама

УЈП ги повика граѓаните кои имале заработка од странство во 2021 година да платат данок

Најнеизвесни избори во Србија, студентите против Вучиќ

Еколошки грабеж без крај: Јабланица опустошена од дрвокрадци и намерни пожари

Почна реконструкцијата на кровот на штипската Клиничка болница

Немири во Европа, Македонија засега безбедна: На одредени странски сили би им одговарало тука да има нестабилност

Свечена академија „Свои на своето“- Мицкоски: Ова е нашето време и наша одговорност, да изградиме Македонија во која вреди да се живее

Имунизација против грип: Вакцината е клучна за ранливите, но не е за секого

Акциски план за малцинствата пред Бугарите во Уставот – стратегија за заштита на националните интереси

Музејот во Ново Село – мост до минатото каде што историјата оживува

Македонската ослободителна мисла – идеали што создадоа држава

Над 120 амандмани – расправа за вториот ребаланс на буџетот

Мицкоски од Црна Гора: Нема да отстапиме од борбата за националните интереси, ниту од борбата да бидеме дел од ЕУ

Прилози

Гласовите за советничките листи на ВМРО-ДПМНЕ сами или со коалиционите партнери, им „бетонираат“ мнозински мандати во советите

550 избрани советнички места и 12 илјади гласови повеќе од 2021 година…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

550 избрани советнички места и 12 илјади гласови повеќе од 2021 година освои коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ за советничките листи во првиот круг од локалните избори. Во сите 80 општини само за советнички листи освоиле вкупно околу 301.000 гласа, за разлика од пред четири години кога добиле 290 097. За листата на партијата за Советот на Градот Скопје гласале 81.669 гласачи, и со тоа ВМРО-ДПМНЕ доби 18 советнички места и ако се додадат оние шест на „Вреди“ и едно на Движењето ЗНАМ има доволно за мнозинство или вкупно 25.

За разлика од Скопје, каде трите партии од владејачката коалиција го имаат мнозинството, во вкупно има 37 општини само ВМРО-ДПМНЕ има повеќе од половина од советите. Од скопските општини, ВМРО-ДПМНЕ има мнозинство во Кисела Вода, Аеродорм, Ѓорче Петров и Гази Баба. Тие се најбројни и во Карпош и во Бутел.

„Во Карпош, Аеродром, Ѓорче Петров, Кисела Вода, Гази Баба и Бутел најбројни се советничките групи на ВМРО ДПМНЕ. Во Кисела Вода и Гази Баба од 27 советници, по 17 се на владеачката партија, а убедливо е и мнозинството во Ѓорче Петров, 14 советници на ВМРО ДПМНЕ, од вкупно 23. Во Аеродром партијата освои 15 мандати од вкупно 27, а во Бутел 10 од 19. Во Карпош, од 27 советнички места, 11 се на ВМРО-ДПМНЕ.“

Реклама

Од локалните самоуправи ширум Македонија, се изводјува Струмица, каде по повеќе од две децении владеење на СДСМ, градот не само што избра нов градоначалник, туку ѝ даде доверба и на советничката листа на ВМРО-ДПМНЕ. Со речиси 13 и пол илјади гласови, партијата доби 13 советници од вкупно 23, што значи цврсто мнозинство и можност за непречено спроведување на локалните политики.

СОВЕТНИЧКА ЛИСТА СТРУМИЦА ВКУПНО 23:

ВМРО-ДПМНЕ 13 советници

СДСМ 8 советници

ДВИЖЕЊЕ ЗНАМ 1

ЛЕВИЦА 1

Во Штип, ВМРО-ДПМНЕ исто така има повеќе од доволно советници за мнозинство односно 16 од вкупно 23 мандати. Слично е и во Прилеп, Кавадарци, Неготино, Свети Николе, Велес, Гевгелија ит.н.

Во охридскиот совет има вкупно 23 столчиња, а 13 од нив припаѓаат на ВМРО-ДПМНЕ. Таму и владиниот партнер, Движењето ЗНАМ има два мандати, па поддршка градоначалникот Кирил Пецаков би имал од вкупно 15 советници.

Интересно е што во Кривогаштани победи СДСМ, но советот е изедначен односно по пет советници имаат ВМРО-ДПМНЕ и социјалдемократите, и едно и припадна на Левица.