Реклама
Прилози

Струга никако да се ослободи од Мерко: Контроверзниот градоначалник ќе задржи влијание преку „свои“ советници

По 16 години власт, неприкосновениот Рамиз Мерко заминува од градоначалничката фотеља.Ова е…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

По 16 години власт, неприкосновениот Рамиз Мерко заминува од градоначалничката фотеља.Ова е крај на една ера обележана со низа контроверзии и долготрајна домонација во Струга. Во тесна битка за идниот градски татко независниот кандидат Менди Ќура и Арсим Далипи од Национална алијанса за интеграција,влегуваат во втор круг. Разликата помеѓу нив во првиот круг е 215 гласа во корист на Ќура.

 Ова значи дека официјално има втор круг,меѓутоа јас мислам дека мојот противник,опонент ќе го задржи зборот и ќе се повлече .И мислам дека нема да има втор круг.Исто така јас мислам и да има,веќе се знае кој е градоначалник.Да го чуваме овој дух на единство и достоинство секој ден, затоа што промената започна и никој не може да ја запре рече Менди Ќура-независен кандидат за градоначалник

Кандидатот на Национална алијанса за интеграција, се огласи преку фејсбук.

Реклама

“Но, ова не е крајот. Денес не се откажуваме!Денес ја продолжуваме битката за соборување и за победата на Струга. За нашата Струга – Струга што беше бетонирана, обезличена и ограбена многу години. За Струга што заслужува достоинство, развој и подобра иднина.”, вели Арсим Далипи, кандидатот на Национална алијанса за интеграција

Турбуленции и во градскиот совет, до неодамна позициската СДСМ, не само што целосно ја загуби доминацијата туку доживеа вистински дебакл.23-те советнички места ќе ги пополнат:8 кандидати од  Национална алијанса за интеграција,6 од ВМРО ДПМНЕ, 4 од ВЛЕН,Левица и СДСМ по еден.Тројца советници има групата избирачи предводена од Анела Ќазимоска,зад која стои Рамиз Мерко.Ја скрои по свој терк,за да има повторно влијание во советот.Ќазимоска која е тотален анонимус на политичката сцена, се знае само дека била асистент на некој универзитет.Останатите двајца се десна рака на Мерко,еднот Енвер Вејсели е вработен во општина Струга,а другиот Адем Ајдароски беше советник во претходниот состав од редовите на ДУИ. Мерко своевремено го вдоми и како в.д. директор  во основното училиште “Гоце Делчев” во Подгорци.Јавноста го памети по скандалозната прослава на албанското знаме во 2023-та.