Реклама

Мерко ја полнел Општина Струга со „фантомски“ административци – Ќура дели откази

Прилепската болница ги подобрува условите и за предвреме родените бебиња

Продолжуваат сопките околу надзорната расправа за „Алта банка“ – ВМРО-ДПМНЕ бара да продолжи утре, Лукаревска закажа седница за буџетот

Да не се шират лажни информации за „Стив Наумов“ – Делегацијата на ЕУ реагира по обвинувањата за лоши услови во домот

Раст што станува реалност, туризмот во септември со нови позитивни бројки

Нов удар на СДСМ врз монетарната власт: Со кривични пријави против Славески бараат НБРМ да биде обезглавена

Алта банка ќе преживее, проблем ќе биде како да се врати довербата во банкарскиот систем

Алта банка повторно функционира и со експозитура во Скопје, овозможена и исплата на плати и придонеси

Никола Јанкуловски избран за претседател на Лекарската комора

Академик Владо Камбовски со детали за новиот КЗ со кој конечно треда да се стави ред во правниот хаос

Мицкоски ја разобличи хистеријата на Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ барала влегување во деловни односи со Алта

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

Прилози

Овие избори ќе бидат запаметени како едни од најдобро организираните и најтранспарентни избори досега

Во фер и мирна атмосфера гласаа македонските граѓани  на изборите за градоначалници…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Во фер и мирна атмосфера гласаа македонските граѓани  на изборите за градоначалници и советници. Изборниот ден помина без посериозни нерегуларности, надлежните институции внимателно го следеа целиот процес. На неколкуте места каде што бил нарушен јавниот ред и мир било реагирано навреме, со цел да се обезбеди непречено гласање.

Регистрирани биле 29 прекини во траење од 15 до 30 минути, кои настанале најчесто поради технички проблеми со уредите за идентификација. Истите во најкус рок биле решени и се продолжило со гласањето . Најголемиот дел од нив се случиле во Тетово и Охрид.

„Пријавени се вкупно 91 настан на територија на Македонија. Од кои најголемиот дел се однесуваат на агитирање и можен поткуп, а дел на фотографирање на гласачкото ливче лепење плакати и упатени закани. По превземени мерки, за 42 од пријавените случаи постапките се завршени, а во најголем број истите наоди не се потврдени“, изјави министерот за Внатрешни работи Панче Тошковски.

Реклама

Од ОЈО велат дека бројката за сторени кривични дела направени во текот на избирачкиот процес во Македонија е мал и дека обвинителствата веќе превземаат дејствија за нивно целосно испитување. Регистрирани биле неколку случаи за наводен поткуп и влијание врз гласачите.

„ОЈО Велес презема дејствија за испитување на наводи за поткуп при избори и гласање, против две лица во селото Согле, Општина Чашка. ОЈО Крива Паланка исто така испитува наводи за поткуп на гласачи. ОЈО Скопје е известено од МВР за две задржани лица на гласачко место во Општина Чаир кои одбивале да се легитимираат, како и за 2 фотографирања на гласачко ливче во Гази Баба“, велат од Основното Јавно Обвинителство.

Оценка дека изборите беа фер, слободни и демократски стигна од сите политички партии . СДСМ и ДУИ посочија само неколку изолирани случаи, за кои најавија дека институционално ќе реагираат. Забелешките ќе ги разгледува ДИК.