Реклама

Свечена академија „Свои на своето“- Мицкоски: Ова е нашето време и наша одговорност, да изградиме Македонија во која вреди да се живее

Имунизација против грип: Вакцината е клучна за ранливите, но не е за секого

Акциски план за малцинствата пред Бугарите во Уставот – стратегија за заштита на националните интереси

Музејот во Ново Село – мост до минатото каде што историјата оживува

Македонската ослободителна мисла – идеали што создадоа држава

Над 120 амандмани – расправа за вториот ребаланс на буџетот

Мицкоски од Црна Гора: Нема да отстапиме од борбата за националните интереси, ниту од борбата да бидеме дел од ЕУ

Јосифовска не се појави во судница за тужбата против Лејла Кадриу

Милионски тендери за мрак во Кичево

Свечена заклетва на 30. класа питомци на Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“

Почна Самитот на Берлинскиот процес во Црна Гора – премиерот Мицкоски очекува силни пораки за интеграцијата на Западен Балкан

Стратешко поврзување со Европа: Коридорите 8 и 10 се врвен приоритет на македонската Влада, за економски напредок и политичка стабилност

Македонија

Александар Андов: ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата апсолутни победници и за градоначалник и за Совет на Општина Кочани 

Нашите сограѓани вчера ја изразија својата волја за тоа каква општина сакаат…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Нашите сограѓани вчера ја изразија својата волја за тоа каква општина сакаат да имаат во следните четири години. Според нив, ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата се апсолутни победници и за Совет на Општина Кочани и за градоначалник, рече денеска на прес- конференција носителот на советничката листа на ВМРО-ДПМНЕ Александар Андов.

ВМРО – ДПМНЕ со коалицијата освои осум советнички мандати од 19 -те, а кандидатот за градоначалник Владко Грозданов е првопласиран со 2200 гласа повеќе од второпласираниот Венко Крстевски.

-Разликата во поддршката меѓу нас и нив е значајна. Околу 2.600 гласа повеќе во однос на второпласираните и околу 2.800 во однос на третопласираните. Преточено во мандати, ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата имаат повеќе советници од обединетите опозициски листи, од листата на Венко Крстевски и  носителката Благица Сабовлјевиќ, и СДСМ и Левица. Еве да го додадеме и ортакот на Крстевски, Аки Акиов. И тогаш  би биле еднакви во советничките мандати со сите нив заедно, што претставува јасна и недвосмислена поддршка од граѓаните Општина Кочани, смета Андов.

Реклама

За жал, додаде тој,  видовме славење, ветувања и музика, алудирајќи на  независниот кандидат за градоначалник Венко Крстевски, кој со свои приврзаници во ромското маало го прославуваше влезот во вториот круг со музика и свирачи.

– Ние како политичка партија не организиравме прослави, не излегувавме на улиците и не славевме со музика, затоа што сметаме дека треба да сочувствуваме со сите граѓани, нагласи Александар Андов, носителот на листата со совеници на ВМРО – ДПМНЕ и Колаицијата „За твоја Македонија“.

Тој им се заблагодари на кочанчани за подршката и ги повика и во вториот круг својот глас да го дадат за Владко Грозданов, кој заврши како победник во првиот круг во битката за градоначалничката позиција.