Реклама

Откорнати кровови, паднати дрва, блокиран сообрајќај-силно невреме го погоди истокот

„Колегиум“ на Алфа ТВ стартува утре – дебата без ракавици

Младите да останат дома – општините со мерки против иселувањето и белата чума

Сè помалку ученици, сè поголема демографска грижа – клучот е во образованието

Федерација на фармери: Се мачиме, ќарот оди кај трговците, а граѓаните плаќаат прескапо

Драматична ноќ на Пелистер, се брани Националниот парк од огнената стихија – повреден работник кој скокнал од булдожер

Исланд ѝ сврте грб на ЕУ, сериозен удар за политиката на проширување

Останува високата опасност од пожари, тешка битка со пламените јазици на планината Жеден

Балканот влегува во ерата на дата центрите – соседите инвестираат милиони

Забрани или едукација: Како до побезбеден дигитален свет за децата?

Борба против врсничкото насилство – училиштата со нови мерки

Растот на платите мора да биде следен со поголема куповна моќ и посилен приватен сектор

Македонија

Ѓорѓиевски води во Скопје, Герасимовски во Центар, а Меџити во Чаир

Орце Ѓорѓиевски, кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата за Град Скопје води со…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Орце Ѓорѓиевски, кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата за Град Скопје води со освоени 41,23 од гласовите според првичните резултати објавени досега од Државната изборна комисија (ДИК). Зад него е Амар Мециновиќ од Левица со 12,76%, потоа се Башким Бакиу од ВРЕДИ со 12,22, Скендер Реџепи од НАИ со 10,98 и Каја Шукова од СДСМ со 11,09%.

Кандидатите на ВМРО-ДПМНЕ бележат водство и во повеќето скопски општини. Во општина Аеродром, кандидатот Дејан Митевски од ВМРО-ДПМНЕ води со освоени 54,43 проценти од гласовите, пред кандидатот на СДСМ, Александар Трајановски, кој има 19,08 проценти.

Во Бутел, води Дарко Костовски од ВМРО-ДПМНЕ кој има 53,48 проценти пред Исамедин Азизи од НАИ со 27,73 проценти. Во Гази Баба, водство има Бобан Стефковски од ВМРО-ДПМНЕ со 57,40 проценти, додека Влатко Митовски има поддршка од 18,84 проценти. 

Реклама

Во Ѓорче Петров, кандидатот Александар Стојковски од ВМРО-ДПМНЕ води со 59,28 проценти, а неговиот противкандидат од СДСМ, Костадин Ацевски, има 19,53 проценти.

Во Карпош, Сотир Лукровски од ВМРО-ДПМНЕ води со 36,77 проценти, додека Стевчо Јакимовски од ГРОМ има 29,57 проценти. Во Кисела Вода, Бети Стаменковска Трајковска од ВМРО-ДПМНЕ има поддршка од 58,38 проценти, пред Јане Ацевски од Левица кој има 17,02 процент.

Во Центар, водство има Горан Герасимовски од СДСМ со 39,25 проценти, пред Мирослав Лабудовиќ од ЗНАМ кој има 27 проценти. Во Сарај, води Мухамет Елмази од ВРЕДИ има 49,56 проценти, пред Блерант Рамадани од НАИ со 48,66 проценти.

Во Чаир, Изет Меџити од ВРЕДИ има поддршка од 50,88 проценти, додека Бујар Османи од НАИ има 39,67 проценти. Во Шуто Оризари, води Курто Дудуш од Унија на Роми со 41,58, пред Ерџан Демир од ВМРО-ДПМНЕ со 23,23.