Реклама

УЈП ги повика граѓаните кои имале заработка од странство во 2021 година да платат данок

Најнеизвесни избори во Србија, студентите против Вучиќ

Еколошки грабеж без крај: Јабланица опустошена од дрвокрадци и намерни пожари

Почна реконструкцијата на кровот на штипската Клиничка болница

Немири во Европа, Македонија засега безбедна: На одредени странски сили би им одговарало тука да има нестабилност

Свечена академија „Свои на своето“- Мицкоски: Ова е нашето време и наша одговорност, да изградиме Македонија во која вреди да се живее

Имунизација против грип: Вакцината е клучна за ранливите, но не е за секого

Акциски план за малцинствата пред Бугарите во Уставот – стратегија за заштита на националните интереси

Музејот во Ново Село – мост до минатото каде што историјата оживува

Македонската ослободителна мисла – идеали што создадоа држава

Над 120 амандмани – расправа за вториот ребаланс на буџетот

Мицкоски од Црна Гора: Нема да отстапиме од борбата за националните интереси, ниту од борбата да бидеме дел од ЕУ

Македонија

Меџити: ВРЕДИ е легитимен победник, време е Ахмети да се повлече

Кандидатот за градоначалник на Чаир од коалицијата ВРЕДИ, Изет Меџити, по првичните…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Кандидатот за градоначалник на Чаир од коалицијата ВРЕДИ, Изет Меџити, по првичните резултати од локалните избори, изјави дека ВРЕДИ е легитимен победник во мнозински албанските општини и дека очекува победа уште во првиот круг во Чаир, пред противкандидатот од НАИ, Бујар Османи. Во своето обраќање, Меџити упати и директен повик за оставка до лидерот на ДУИ, Али Ахмети, оценувајќи дека „гласот на Албанците го испратил во политичка пензија“.

– На ДУИ и Ахмети кои се залагаа за легитимитет, да им честитам за победата во Пласница, додека во другите општини убедливо води ВРЕДИ. Во Чаир сме  да ја прославиме победата на ВРЕДИ уште во првиот круг. Тие посакуваа да се мериме во Чаир и Тетово, и таму убедлива победа ќе издвојува ВРЕДИ, како и во други општини доаѓаат резултати дека ВРЕДИ е легитимен победник, рече Меџити.

Посочи дека очекува победа во четири до пет општини уште во првиот круг, и водство во поголемиот дел од албанските општини на државно ниво.

Реклама

– Сакам да напоменам дека нема цензус во Врапчиште, додека во Гостивар е на граница да нема цензус, дополни Меџити. Тој побара оставка од лидерот на ДУИ Али Ахмети.

– Денес, со срце полно со гордост и благодарност, сакам гласно и јасно да кажам, вечерва Албанците победија, а вечерва една политичка класа се пензионираше. Честитки за победата, честитки за пензионирањето на политичките противници. Вечерва му се обраќам на мојот политички противник, Али Ахмети, со целосно почитување и јасност – ова е моментот кога мора да поднесете оставка. Гласот на Албанците ве испрати во политичка пензија, посочи Меџити.