Реклама

Свечена академија „Свои на своето“- Мицкоски: Ова е нашето време и наша одговорност, да изградиме Македонија во која вреди да се живее

Имунизација против грип: Вакцината е клучна за ранливите, но не е за секого

Акциски план за малцинствата пред Бугарите во Уставот – стратегија за заштита на националните интереси

Музејот во Ново Село – мост до минатото каде што историјата оживува

Македонската ослободителна мисла – идеали што создадоа држава

Над 120 амандмани – расправа за вториот ребаланс на буџетот

Мицкоски од Црна Гора: Нема да отстапиме од борбата за националните интереси, ниту од борбата да бидеме дел од ЕУ

Јосифовска не се појави во судница за тужбата против Лејла Кадриу

Милионски тендери за мрак во Кичево

Свечена заклетва на 30. класа питомци на Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“

Почна Самитот на Берлинскиот процес во Црна Гора – премиерот Мицкоски очекува силни пораки за интеграцијата на Западен Балкан

Стратешко поврзување со Европа: Коридорите 8 и 10 се врвен приоритет на македонската Влада, за економски напредок и политичка стабилност

Македонија

Албанските медиуми за локалните избори: Мирен изборен тек, без ниту еден инцидент во демократска атмосфера 

Албанските медиуми, без исклучок, отстапуваат посебен простор за денешниот изборен ден, како…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Албанските медиуми, без исклучок, отстапуваат посебен простор за денешниот изборен ден, како што во континуитет информираа и за изборната кампања за локалните избори во државава, со оценка дека „изборниот ден мина мирно, без ниту еден инцидент, во демократска атмосфера“.

„Граѓаните на Северна Македонија денеска гласаа во прв круг од локалните избори за градоначалници и избор на општински советници во сите 80 општини, плус градот Скопје. Ова се осми локални избори откако земјата прогласи независност во 1991 година. Граѓаните во Северна Македонија гласаа по втор пат за помалку од две години, откако минатата година во април и мај се одржаа претседателски и парламентарни избори“, наведува euronews.al.

Откако пренесува податоци за бројот на избирачи, кандидати за градоначалници и советници, посочува дека „карактеристика на кандидатите за градоначалници е доминацијата на мажите, кои се 277 или 89,64 отсто, додека жените се само 32 или 10,36 отсто“.

Реклама

„Локалните избори оваа година се одржуваа во важен момент за Северна Македонија, каде што се очекува резултатите да имаат влијание не само на локално ниво, туку и врз позиционирањето на политичките сили во пресрет на идните предизвици на национална и меѓународна сцена, оценува Топ чанел.

Ора њуз покрај другото наведува дека на изборите се дало можност да гласаат болни и изнемоштени лица и лица сместени во старски домови, што во Албанија сеуште не се реализира, како и и затвореници, но, за разлика од парламентарните, немале гласање во странство. Но „граѓаните кои живеат и работат надвор а кои имаат право на глас, можат да го остварат во општината каде што имаат адреса на живеење во Македонија“.

Медиумите констатираат дека „битката за повеќе освоени места во македонскиот блок се води меѓу ВМРО – ДПМНЕ и СДСМ, додека во албанскиот меѓу коалициите ВРЕДИ и НАИ“.