Реклама

Откорнати кровови, паднати дрва, блокиран сообрајќај-силно невреме го погоди истокот

„Колегиум“ на Алфа ТВ стартува утре – дебата без ракавици

Младите да останат дома – општините со мерки против иселувањето и белата чума

Сè помалку ученици, сè поголема демографска грижа – клучот е во образованието

Федерација на фармери: Се мачиме, ќарот оди кај трговците, а граѓаните плаќаат прескапо

Драматична ноќ на Пелистер, се брани Националниот парк од огнената стихија – повреден работник кој скокнал од булдожер

Исланд ѝ сврте грб на ЕУ, сериозен удар за политиката на проширување

Останува високата опасност од пожари, тешка битка со пламените јазици на планината Жеден

Балканот влегува во ерата на дата центрите – соседите инвестираат милиони

Забрани или едукација: Како до побезбеден дигитален свет за децата?

Борба против врсничкото насилство – училиштата со нови мерки

Растот на платите мора да биде следен со поголема куповна моќ и посилен приватен сектор

Македонија

Мирен изборен ден во Штип, Пробиштип, Свети Николе и Карбинци

Во општините Штип, Пробиштип, Карбинци и Свети Николе гласањето тече во мирна…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Во општините Штип, Пробиштип, Карбинци и Свети Николе гласањето тече во мирна и демократската атмосфера. Од четирите општини, најголема излезеност има во Пробиштип, каде што до 15 часот гласале 45,12 отсто од вкупниот број избирачи.

Претседателот на ОИК Штип, Виктор Вацев, изјави дека до 15 часот излезеноста е 33,95 отсто од вкупниот број на избирачи или на 80 избирачки места гласале 14 023 граѓани.

На едно избирачко место во Штип, поради технички проблеми, гласањето се одвива без користење уреди за биометриска идентификација. Во Свети Николе излезеноста на 35-те избирачки места е 33,51 отсто, а во Карбинци е 40,36 проценти од вкупниот број  избирачи. Гласачките места се отворени до 19 часот.

Реклама

Во Брегалничкиот Регион на Локалните избори 2025 во 11  општини гласаат вкупно 149 283 граѓани. Најмала општина е Зрновци, а најголема Штип.