Реклама

УЈП ги повика граѓаните кои имале заработка од странство во 2021 година да платат данок

Најнеизвесни избори во Србија, студентите против Вучиќ

Еколошки грабеж без крај: Јабланица опустошена од дрвокрадци и намерни пожари

Почна реконструкцијата на кровот на штипската Клиничка болница

Немири во Европа, Македонија засега безбедна: На одредени странски сили би им одговарало тука да има нестабилност

Свечена академија „Свои на своето“- Мицкоски: Ова е нашето време и наша одговорност, да изградиме Македонија во која вреди да се живее

Имунизација против грип: Вакцината е клучна за ранливите, но не е за секого

Акциски план за малцинствата пред Бугарите во Уставот – стратегија за заштита на националните интереси

Музејот во Ново Село – мост до минатото каде што историјата оживува

Македонската ослободителна мисла – идеали што создадоа држава

Над 120 амандмани – расправа за вториот ребаланс на буџетот

Мицкоски од Црна Гора: Нема да отстапиме од борбата за националните интереси, ниту од борбата да бидеме дел од ЕУ

Македонија

Сајкоски: Да излеземе масовно на 19 oктомври, да гласаме за број 9 за 64 кандидати за градоначалници на ВМРО-ДПМНЕ и за  листите со кандидати за советници 

Тука дадовме ветување дека ќе ја направиме Македонија горда, дадовме ветување дека…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Тука дадовме ветување дека ќе ја направиме Македонија горда, дадовме ветување дека ќе оди Македонија во вистинска насока, затоа ветувањето дадено овде во Охрид не е само празен збор, туку е завет, рече генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ, Ѓорѓија Сајкоски, на последниот митинг за првиот круг на локалните избори што се одржа вечерва во Охрид.

Сајкоски укажа дека актуелната Влада направи исчекор кој го нема направено ниту една влада, посебно не за така краток период за само нешто повеќе од една година.

„Оваа Влада направи економски раст, донесе нови инвестиции, работи на подобрување на инфраструктурата.  Ние одиме со дела, затоа одиме кон успеси. Затоа ветувањата дадени овде не обврзуваат, ветивме и напорна работа за локалната самоуправа Владата испорача и за општините и за сите сфери на општественото живеење“, кажа Сајкоски.

Реклама

Сајкоски укажа дека патриотизам денес е кога ќе испорачаш за својата држава, за својата улица и општина.

„Патриотизам е кога ќе испорачаш проекти. Тука во Охрид  имаме човек кој покажа со дела како се сака Охрид, тоа е Кирил Пецаков. Тој во наредните години ќе продолжи само со позасилено темпо“, вели Сајкоски.

Генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ повика на масовна излезност на 19 октомври во недела. „Да излеземе заедно, масовно на 19 октомври, да гласаме за број 9 за 64 кандидати за градоначалници на ВМРО-ДПМНЕ и за 77 листи со кандидати за советници“, рече Сајкоски.