Реклама

Николоски: Нема ништо тајно, блокадата од Бугарија е политичка и не е поврзана со било кој сегмент од реформите

Пеколен бран: шпоретот исклучен, ролетните спуштени, најмногу треба да пазат луѓето над 65 години

Пензионерите кои сакаат можат да се враќаат на пазарот на труд, искуството и знаењето нова шанса за бизнисот

На Филипче му се стемни од спотот „Силно светна денот“: Непримерна критика која ја покажува фрустрацијата на СДСМ

ИТ-секторот веќе не е најатрактивен – работодавачите најмногу бараат занаетчии, готвачи и електричари

25 години од заседата кај Љуботенски Бачила – споменот не бледее

Тие што имаат штедат, другите земаат кредити – Расте и штедењето и земањето кредити

Мерџановски за донесеното момче по операцијата од Турција: Почнува да јаде, од интензивна нега оди на трауматологија

Ново научно дело „Св. Климент Охридски во современата македонска творечка инспирација“

Нови авиолинии, Гевгелија нов туристички центар – туризмот останува приоритет на власта

За 24 месеци во прилепската Општа болница инвестирани 150 милиони денари, а трајно се вработени 124 лица

Гостиварци чекаат одговор дали ќе плаќаат за водата која не смеат да ја пијат

Прилози

Четворица кандидати во трката за градоначалник на Ресен – сите ветуваат поубава и почиста Преспа

Градоначалничката функција во Ресен е предизвик за 4 кандидати-тројца економисти и еден…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Градоначалничката функција во Ресен е предизвик за 4 кандидати-тројца економисти и еден дефектолог. Вљубеници во својот роден град каде секој со секого се познава,желни се да направат се’ и нивните поколенија да ја почувстуваат убавината што некогаш ја имаше Преспа.Со два национални паркови,уникатно езеро и чист воздух, Преспа е специфично подрачје кое заслужува да го врати својот некогашен лик, вели актуелниот градоначаник на Ресен Јован Тозиевски,од  ВМРО ДПМНЕ. Во првиот мандат тој успеа да ја спаси 15 години удавената во долгови оштина и да реализира околу 170 проекти. Го прашавме во какво светло сака да го види својот Ресен ?

„Сакам да го видам како што го паметам,сакам да го видам преполн со млади луѓе,весели луѓе. Сакам  да го видам со развиените туристички центри што претходно ги имавме.За да почнеме повторно да го враќаме тој сјај бидејќи немаме скоро никаде на крајбрежјето урбанистички планови,прво со тоа ќе почмене бидејќи имаме сериозно заинтересирани инвеститори и сме во преговори,но подлогата е многу важна. Се трудиме околу пласманот на јаболкото оти имаме најава и за нов капацитет за преработка на јаболка што за скоро време ќе започне со изградба”, Јован Тозиевски- кандидат од ВМРО ДПМНЕ

За економски силна Преспа зборува и кандидатот на СДСМ Александар Бузлески,економист кој 20 години работи во банкарскиот сектор а имаше мал излет како директор на Н.П. “Галичица.”Тој по стапките на татко му сега тргна да ја освојува градоначалничката фунција.

Реклама

„Ресен има преголем капацитети и целата Преспа.Преспа е туристичка дестинација,Преспа е извор каде што младите можат да бидат покреативни.За старите, за пензионерите, за повозрасните да обезбедиме подобри услови за живот. Бузлевски би им ветил дека ќе го остранам капиталистичкото работење во општината и ќе ја отворам за граѓаните и секој граѓанин може  да се почувствува дека е ист и исто прифатен”, вели Александар Бузлевски-кандидат од СДСМ

Да им ја вратам надежта на луѓето за подобро утре, тоа е основна причина поради која се  кандидирав на овие избори,вели независниот кандидат Игор Митревски.Toj e економист и се занимава и со агробизнис.

„Проблемите со кои се соочуваме се меѓусебно поврзани.Тоа е слаба економија, недоволно организирано земјоделие, имаме застарена инфраструктура, имаме иселување на младите.Имаме недоволно транспарентна општина, имаме нефункционална и бавна локална администрација,недоволно развиен туризам.Имаме проблеми во екологијата.Имаме недоволна посветеност на образованието и културата”,-вели Игор Митревски-предложен од група избирачи

Четвриот кандидат е дефектологот Малиќ Шемшедини од ДУИ кој поради работни обврски во последен момент се откажа да застане пред нашата камера.Инаку тој ветува решавање на проблемот со Преспанското езеро,подобар пласман на јаболката,и јавен превоз за граѓаните. Инаку 120 кандидати распоредени на 8 советнички листи ќе се борат за 15-те советнички места.