Реклама

Николоски: Нема ништо тајно, блокадата од Бугарија е политичка и не е поврзана со било кој сегмент од реформите

Пеколен бран: шпоретот исклучен, ролетните спуштени, најмногу треба да пазат луѓето над 65 години

Пензионерите кои сакаат можат да се враќаат на пазарот на труд, искуството и знаењето нова шанса за бизнисот

На Филипче му се стемни од спотот „Силно светна денот“: Непримерна критика која ја покажува фрустрацијата на СДСМ

ИТ-секторот веќе не е најатрактивен – работодавачите најмногу бараат занаетчии, готвачи и електричари

25 години од заседата кај Љуботенски Бачила – споменот не бледее

Тие што имаат штедат, другите земаат кредити – Расте и штедењето и земањето кредити

Мерџановски за донесеното момче по операцијата од Турција: Почнува да јаде, од интензивна нега оди на трауматологија

Ново научно дело „Св. Климент Охридски во современата македонска творечка инспирација“

Нови авиолинии, Гевгелија нов туристички центар – туризмот останува приоритет на власта

За 24 месеци во прилепската Општа болница инвестирани 150 милиони денари, а трајно се вработени 124 лица

Гостиварци чекаат одговор дали ќе плаќаат за водата која не смеат да ја пијат

Прилози

Започна вакцинацијата против сезонски грип со рекорден број дози

Голем е интересот на граѓаните за вакцинирање против сезонски грип. Само во…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Голем е интересот на граѓаните за вакцинирање против сезонски грип. Само во првиот ден, во Македонија се имунизирале околу 2.000 граѓани од досега пријавените 49 илјади. Годинава министерството, набави 80.000 дози на четиривалентната вакцина од холандскиот производител „Абот„. Вакцинацијата се спроведува на 35 вакцинални пункта во државава, од кои пет се лоцирани во Скопје.

Министерот за здравство, Азир Алиу, го посети вакциналниот пункт во Гостивар, каде и тој прими вакцина против сезонскиот грип. Министерот ги повика граѓаните да се пријават на апликацијата вакцинација.мк, нагласувајќи  дека бројката на досега пријавените, покажува висока свесност за превенција и заштита од сезонски грип.

„Денес сум во мојот роден град Гостивар, кде се вакцинирав и прекук личен пример сакам да ја истакнам важноста од навременат вакцинација, како најефикасна превентивна мерка за заштита на здравјето. Апелирам граѓаните навреме да се заштитат од сезонскиот грип, посесбно повикувам лицата, кои спаѓаат во ризични групи население да се пријават преку апликацијата или кај својот матичен лекар“, изјави министерот за здравство, Азир Алиу.

Реклама

Голема свесност за придобивките од вакцината покажуваа и штипјани, во градот дневно ќе се вакцинираат по околу 150 граѓани.

„Заинтересираноста засега е голема, на дневна основа ќе се вакцинираат по 150 граѓани„ изјави д-р Јасмина Тасовска-епидемилог-ЦЈЗ-Штип

Вакцините се бесплатни за хронично болните, граѓаните над 65 години, бремените жени, здравствените работници и лицата со слаб имунитет. Вакцината освен што го намалува ризикот од зараза, значително ги ублажува симптомите кај оние што сепак ќе се разболат.