Реклама

Мерко ја полнел Општина Струга со „фантомски“ административци – Ќура дели откази

Прилепската болница ги подобрува условите и за предвреме родените бебиња

Продолжуваат сопките околу надзорната расправа за „Алта банка“ – ВМРО-ДПМНЕ бара да продолжи утре, Лукаревска закажа седница за буџетот

Да не се шират лажни информации за „Стив Наумов“ – Делегацијата на ЕУ реагира по обвинувањата за лоши услови во домот

Раст што станува реалност, туризмот во септември со нови позитивни бројки

Нов удар на СДСМ врз монетарната власт: Со кривични пријави против Славески бараат НБРМ да биде обезглавена

Алта банка ќе преживее, проблем ќе биде како да се врати довербата во банкарскиот систем

Алта банка повторно функционира и со експозитура во Скопје, овозможена и исплата на плати и придонеси

Никола Јанкуловски избран за претседател на Лекарската комора

Академик Владо Камбовски со детали за новиот КЗ со кој конечно треда да се стави ред во правниот хаос

Мицкоски ја разобличи хистеријата на Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ барала влегување во деловни односи со Алта

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

Прилози

ЈСП сообраќа непречено – Метан и гас обезбедени, но граѓаните понекогаш чекаат подолго

Стрес по стрес за граѓаните со јавниот превоз. Уште едно утро наместо…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Стрес по стрес за граѓаните со јавниот превоз. Уште едно утро наместо опуштено, граѓаните стравуваат дали навреме ќе дојде автобус за да стигнат, кој на работа, кој на лекар, кој на училиште. Сепак хаосот изостана, а решение како и многупати досега се најде во пет до дванаесет. Проблемот со гас преку ноќ се надмина, но, дилемата е до кога тоа ќе трае.

Од Синдикатот велат дека засега метан и гас има. Автобусите возат, но и понатаму главниот проблем е во тоа што нема доволен број за да се покријат потребите на граѓаните.

„Автобуси дали има доволно? Нема. Често кажувам дека нема. Но, моментално тие што сообраќаат, од вчера имаше најава дека нема доволно метан, но од синоќа имаат добиено, танкирани се сите и сите возат нормално, без никакви пречки“, изјави Изет Меџити од СПАЈС.

Реклама

Предупредувања имаше уште вчера, кога ЈСП ги извести граѓаните дека состојбата може да биде критична. Тие ги известија да се подготват за можни проблеми со возниот ред, поради ремонтните активности на регионалните гасоводни системи. Граѓаните се жалат дека веќе им е преку глава да слушаат изговори и да мрзнат во утринските часови пред автобуските постојки.

Во меѓувреме, и приватните превозници, кои претходно имаа прекини во сообраќањето поради долгови, најавуваат дека ќе продолжат да возат по нормален возен ред и распоред, поради интерес на граѓаните.