Реклама

УЈП ги повика граѓаните кои имале заработка од странство во 2021 година да платат данок

Најнеизвесни избори во Србија, студентите против Вучиќ

Еколошки грабеж без крај: Јабланица опустошена од дрвокрадци и намерни пожари

Почна реконструкцијата на кровот на штипската Клиничка болница

Немири во Европа, Македонија засега безбедна: На одредени странски сили би им одговарало тука да има нестабилност

Свечена академија „Свои на своето“- Мицкоски: Ова е нашето време и наша одговорност, да изградиме Македонија во која вреди да се живее

Имунизација против грип: Вакцината е клучна за ранливите, но не е за секого

Акциски план за малцинствата пред Бугарите во Уставот – стратегија за заштита на националните интереси

Музејот во Ново Село – мост до минатото каде што историјата оживува

Македонската ослободителна мисла – идеали што создадоа држава

Над 120 амандмани – расправа за вториот ребаланс на буџетот

Мицкоски од Црна Гора: Нема да отстапиме од борбата за националните интереси, ниту од борбата да бидеме дел од ЕУ

Македонија

Стефковски: Кога ВМРО-ДПМНЕ ја води општината дадениот збор се исполнува

Со огромна чест и длабока благодарност стојам денеска пред вас не само…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Со огромна чест и длабока благодарност стојам денеска пред вас не само како кандидат за градоначалник за втор мандат туку како ваш пријател, ваша сосед и човек што ја дели истата љувоц за нашата Гази Баба. Вие граѓаните ми ја дадовте довербата пред четири години, доверба што за мене беше голема обврска да работам, чесно, одговорно и домаќински, да бидам глас на народот, да бидам присутен на терен а не во канцеларија, да слушам, а не само да зборувам. Да делувам, не само да ветувам, порача кандидатот за градоначалник на Гази Баба Бобан Стефковски на вечерашниот митинг на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата.

Тој потенцира дека во изминатите четири години било направено многу за општината, но и оти во иднина ќе се прави уште многу.

-Реализиравме 670 нови проекти насекаде низ нашата Гази Баба. Изградивме 32 километри нова мрежа на фекална канализација. Градиме три нови детски градинки во Трубарево, Инџиково и Маџари. Иаградиме училишни спортски сали во Булачани и Стајковци, а со забрзана динамика се гради и новата сала во Црешево. Градиме нова училишна сала за ООУ Крсте Мисирков во Ченто и комплетно го реконструираме домот 11 Октомври кој долги години беше ветуван и забораван, рече Стефковски.

Реклама

Тој потенцира дека инвестираат и во спортот, животната средина и социјалната заштита и оти не ги заборавиле ниту младите, ниту пензионерите.

-Во 2021 година Гази Баба беше затворена општина во која одлучуваа неколку локални моќници, а денес после четири години општина Гази Баба е прва општина по индексот за транспарентност на меѓународните организации. Но, она што е најважно е довербата што ја изградивме и покажав дека кога ВМРО-ДПМНЕ ја води општината дадениот збор се исполнува, рече Стефковски.