Реклама

Откорнати кровови, паднати дрва, блокиран сообрајќај-силно невреме го погоди истокот

„Колегиум“ на Алфа ТВ стартува утре – дебата без ракавици

Младите да останат дома – општините со мерки против иселувањето и белата чума

Сè помалку ученици, сè поголема демографска грижа – клучот е во образованието

Федерација на фармери: Се мачиме, ќарот оди кај трговците, а граѓаните плаќаат прескапо

Драматична ноќ на Пелистер, се брани Националниот парк од огнената стихија – повреден работник кој скокнал од булдожер

Исланд ѝ сврте грб на ЕУ, сериозен удар за политиката на проширување

Останува високата опасност од пожари, тешка битка со пламените јазици на планината Жеден

Балканот влегува во ерата на дата центрите – соседите инвестираат милиони

Забрани или едукација: Како до побезбеден дигитален свет за децата?

Борба против врсничкото насилство – училиштата со нови мерки

Растот на платите мора да биде следен со поголема куповна моќ и посилен приватен сектор

Македонија

АХВ се вклучи во одбележувањето на Светскиот ден на храната: Граѓаните во Македонија јадат безбедна храна

Граѓаните во државава јадат безбедна храна, порачува Агенцијата за храна и ветеринарство…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Граѓаните во државава јадат безбедна храна, порачува Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) која и оваа година ја поддржа кампањата на ФАО за одбележување на Светскиот ден на храната, 16 Октомври. Според АХВ, храната постојано е под надзор, минува низ редовни и вонредни контроли и низ многубројни мониторинг програми.

-АХВ како институција е дел од синџирот за контрола на безбедноста на храната од домашно производство и од увоз, водејќи сметка храната редовно да се контролира во рамки на редовните и вонредните контроли и многубројните мониторинг програми чии досегашни анализи потврдуваат дека македонските граѓани јадат безбедна храна, наведува АХВ.

АХВ се придружи на настанот под мотото „Рака за рака за подобра храна и подобра иднина” што денеска го организираше ФАО во Паркот на франкофонијата. Претставници на АХВ на граѓаните им поделија едукативен материјал со совети за безбедна храна – флаери, лифлети и торбички.

Реклама

-ФАО во рамки на Светскиот ден на храната годинава повикува на глобална соработка за создавање мирна, одржлива, просперитетна и безбедна иднина со храна. Со заедничка работа, низ владите, организациите, секторите и заедниците, активно се работи на трансформирање на земјоделско-прехранбениот сектор во насока на обезбедување на услови, секој граѓанин да има пристап до здрава исхрана, живеејќи во хармонија со планетата, велат од АХВ.