Реклама

Свечена академија „Свои на своето“- Мицкоски: Ова е нашето време и наша одговорност, да изградиме Македонија во која вреди да се живее

Имунизација против грип: Вакцината е клучна за ранливите, но не е за секого

Акциски план за малцинствата пред Бугарите во Уставот – стратегија за заштита на националните интереси

Музејот во Ново Село – мост до минатото каде што историјата оживува

Македонската ослободителна мисла – идеали што создадоа држава

Над 120 амандмани – расправа за вториот ребаланс на буџетот

Мицкоски од Црна Гора: Нема да отстапиме од борбата за националните интереси, ниту од борбата да бидеме дел од ЕУ

Јосифовска не се појави во судница за тужбата против Лејла Кадриу

Милионски тендери за мрак во Кичево

Свечена заклетва на 30. класа питомци на Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“

Почна Самитот на Берлинскиот процес во Црна Гора – премиерот Мицкоски очекува силни пораки за интеграцијата на Западен Балкан

Стратешко поврзување со Европа: Коридорите 8 и 10 се врвен приоритет на македонската Влада, за економски напредок и политичка стабилност

Македонија

М-р Михајло Борозанов во Бизнис-клуб: Продуктивност, добра инфраструктура и инвестиции во образованието – клуч за просперитет на државата

Во втората сезона на поткастот „Бизнис-клуб“, претседателот на Стопанската комора на Северна…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Во втората сезона на поткастот „Бизнис-клуб“, претседателот на Стопанската комора на Северна Македонија Бранко Азески разговара со м-р Михајло Борозанов, директор на Дирекцијата за финансии и член на Управниот одбор на „Макпетрол“ АД Скопје. Разговорот беше посветен на бизнис-условите за развој на македонската економија и на улогата на „Макпетрол“ АД Скопје, македонска компанија со 80-годишно постоење, како еден од столбовите на македонската економија.

Во разговорот м-р Борозанов изјави дека компанијата „Макпетрол“ АД е лидер на Балканот во енергетскиот сектор, функционира на солидна деловна основа, вработува повеќе од 2000 луѓе, поседува 127 малопродажни објекти и остварува годишен обрт од 500 до 600 милијарди евра, иако работи со мали маржи. Во фокусот на компанијата е квалитетот на производот и на услугите, преку доследно следење и почитување на стандардите.

М-р Михајло магистрирал Бизнис-администрација со специјализација по финансии на Дунавскиот универзитет во Кремс, Австрија. Неговото 20-годишно  искуство во корпоративните финансии, стратегијата, менаџментот со ризици и дигитализацијата му овозможува успешно да ги извршува функциите директор на финансии и член на Управниот одбор во „Макпетрол“ АД Скопје. Според него, финансиската стратегија, дигиталната трансформација и современото корпоративно управување, меѓу кои и управувањето со ризици, се основата за создавање одржлива и глобално конкурентна економија.

Реклама

Запрашан за бизнис-амбиентот, кој не е докрај поволен за создавање услови за повисоки профити и за зголемен извоз, што би довело до додадена вредност на производот и на услугите и би обезбедило добар и сигурен опстанок на државата и останување на младите во неа, м-р Борозанов нагласи:

„Потребно е зголемување на продуктивноста преку вложување во добра инфраструктура (железнички и патен сообраќај), силни инвестиции во образованието, знаењето и во практичните вештини, како и забрзана дигитализација со користење на потенцијалите на вештачката интелигенција.“