Реклама

Клучни избори во Србија – голема излезност, крајна неизвесност

Растат цените на квадрат во Штип – рекордот е 1.500 евра

„Св. Еразмо“ по една деценија чекање – новиот болнички блок треба да биде готов до крајот на годината

Бугарија избира нов претседател: Избори за тест на власта на Радев и геополитичкиот курс на земјата

УЈП ги повика граѓаните кои имале заработка од странство во 2021 година да платат данок

Најнеизвесни избори во Србија, студентите против Вучиќ

Еколошки грабеж без крај: Јабланица опустошена од дрвокрадци и намерни пожари

Почна реконструкцијата на кровот на штипската Клиничка болница

Немири во Европа, Македонија засега безбедна: На одредени странски сили би им одговарало тука да има нестабилност

Свечена академија „Свои на своето“- Мицкоски: Ова е нашето време и наша одговорност, да изградиме Македонија во која вреди да се живее

Имунизација против грип: Вакцината е клучна за ранливите, но не е за секого

Акциски план за малцинствата пред Бугарите во Уставот – стратегија за заштита на националните интереси

Македонија

Андов: Ќе формираме Советодавно тело од претставници на месните и урбаните заедници за подобра комуникација со Општинскиот совет

Носителот на листата со кандидати за советници на ВМРО – ДПМНЕ и…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Носителот на листата со кандидати за советници на ВМРО – ДПМНЕ и коалицијата за претстојните Локални избори, Александар Андов, денеска одржа прес конференција на која најави формирање на советодавно тело кое ќе има за цел поголема транспарентност и непосредна комуникација со Советот на Општина Кочани.

-Во ова советодавно тело ќе бидат опфатени претседателите на сите месни и урбани заедници, кои ќе ги претставуваат интересите и потребите на граѓаните од нивните подрачја. На секоја месна и урбана заедница ќе и биде отворена посебна жиро сметката на која ќе се префрлаат средства за: одржување на јавни површини, поправки и мали инфраструктурни интервенции, рече Андов.

Овој модел, продолжи тој,  ке овозможи дел од општинските средства да се распредегуваат директно на локално ниво, слично на принципот по кој централната власт ги поддржува општините со средства по глава на жител.

Реклама

Со оваа пракса, според носителот на советничката листа на ВМРО – ДПМНЕ и коалицијата, Александар Андов, секој жител на Општина Кочани ќе има можност директно да учествува со свои идеи, предлози ииницијативи, што ќе придонесе за поефикасно решавање на локалните проблеми и подобрување на квалитетот на животот во заедницата.