Реклама

Еколошки грабеж без крај: Јабланица опустошена од дрвокрадци и намерни пожари

Почна реконструкцијата на кровот на штипската Клиничка болница

Немири во Европа, Македонија засега безбедна: На одредени странски сили би им одговарало тука да има нестабилност

Свечена академија „Свои на своето“- Мицкоски: Ова е нашето време и наша одговорност, да изградиме Македонија во која вреди да се живее

Имунизација против грип: Вакцината е клучна за ранливите, но не е за секого

Акциски план за малцинствата пред Бугарите во Уставот – стратегија за заштита на националните интереси

Музејот во Ново Село – мост до минатото каде што историјата оживува

Македонската ослободителна мисла – идеали што создадоа држава

Над 120 амандмани – расправа за вториот ребаланс на буџетот

Мицкоски од Црна Гора: Нема да отстапиме од борбата за националните интереси, ниту од борбата да бидеме дел од ЕУ

Јосифовска не се појави во судница за тужбата против Лејла Кадриу

Милионски тендери за мрак во Кичево

Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: Александар Јовановски е вистинскиот избор за општина Кичево

Во изминатите години општина Кичево се соочува со сериозен застој, кој е…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Во изминатите години општина Кичево се соочува со сериозен застој, кој е директна последица на неспособното и корумпирано раководство. Наместо прогрес и развој, Кичево константно уназадува, Кичево е заробено во криминал, корупција и скандали кои го разоруваат секој сегмент од живеењето во Кичево. Граѓаните на Кичево заслужуваат отчетност, реални проекти и транспарентност, а не скандали, лични интереси и непотизам. Време е за промени во Кичево, време е Кичево да се врати на патот на напредокот и чесното раководење. Александар Јовановски е вистинскиот избор за општина Кичево, се вели во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.

Јовановски во својата програма за Кичево се обврзува на: изградба на енергетско-ефикасни фасади на сите згради постари од 25 години, за пониски трошоци и чист воздух во Кичево. Ревитализација на Китино Кале – втора фазa.

Изработка на основен проект и физибилити студија за јавно приватно партнерство за изградба на собирен центар за кабаст отпад и негово ставање во функција. Oтстранување на дивата депонија од градското јадро. Изработка на проект за изградба на стационар за бездомни кучиња и негова имплементација.

Реклама

Изградба на спортска сала во ОУ „Кузман Јосифоски-Питу“ . Изградба на нови фекални канализациски и атмосферски канали во рамките на општината, особено во руралните средини од градот Кичево каде што има голем недостиг од фекални и атмосферски канали. Реконструкција на сите општински патишта во селата што се во рамките на Општина Кичево. Изведба на оптичка мрежа кон селата.

Јовановски има јасна цел и визија за Кичево, за развој и напредок. Затоа ги повикуваме граѓаните на Кичево на мобилизација, да излезат во што поголем број на 19 октомври и да го поддржат Александар Јовановски и советничката листа предводена од ВМРО-ДПМНЕ. Заокружи 9 за промени во Кичево, за развој и одговорно работење. Заокружи 9 за твојот човек, за твоето место и твојата иднина.